Црна хроника
Шестмина уапсени поради производство и трговија на дрога
СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе еден посебен извештај и пет кривични пријави против шест лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, за „овозможување на уживање наркотични дроги“, како и против едно лице за „недозволено изработување , држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Така, кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ е поднесена против лицето Е.Б. (18) од Струга кој што за време на забава посветена на Боб Марли во Градски Парк во Скопје во мај годинава од НН лице купил една најлон кесичка со 18,94 грама наркотична дрога марихуана за цена од 1.500 денари.
Истиот ден од страна на полициски службеници извршено му е легитимирање и личен претрес и при тоа пронајдена му е и одземена кесичката со марихуана по што тој бил приведен во службените простории на СВР Скопје. Потоа за истото дел кривично е пријавена М.М. (37) од Скопје која што во март годинава при посета на својот сопруг кој издржувал казна затвор во КПУ Затвор Скопје се обидела по претходен договор со сопругот да му предаде 3,5 грама марихуана.
Исто така кривично пријавени се и П.Т. (24), С.Ц. (26) двајцата од Скопје и Д.М. (24) од Кочани. На почетокот на јули годинава при легитимирање и личен претрес кај Д.М. кај меѓуградската автобуска станица во Скопје пронајдени и одземени биле три паковки со наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 14,85 грама. Марихуана тој ја купил од лицето П.Т. за сума од 1.500 денари, а пак дрогата кај П.Т. ја донел С.Ц. кој во повеќе наврати од лице со прекар „Луко“ купувал марихуана за понатамошна препродажба.
Покрај ова за кривично дело „овозможување на уживање наркотични дроги“ пријавен е Д.М. (24) од Струга кој во мај годинава по претходен договор во населбата Аеродром зад слаткарницата „Стела“ им овозможил уживање наркотична дрога марихуана на лицата Е.А., З.Ш. и Г.Т. Четворицата се забележани при уживање на наркотичната дрога по што е извршено легитимирање. При тоа во непосредна близина на Д.М. е забележана една помала кеса со 10,4 грама наркотична дрога марихуана и еден отпушок од рачно направена цигара со остатоци од марихуана. Во разговорот тој појаснил дека марихуаната што им ја овозможил на уживање на трите лица ја набавил пред неколку дена за цена од 600 денари од НН лице.
По однос на кривичното дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ пријавен е А.З. (33) од Скопје во чии што дом во септември годинава извршен е претрес и при тоа е пронајден и одземен еден пиштол марка „ Walther P38« кал. 9 мм и 31 куршум кал. 9 мм. Посебниот извештај поднесен до ОЈО Скопје се однесува на веќе кривично пријавените Р.Ј.(20) и И.Ј.(50) од село Арачиново во чии што дом при претресот во февруари годинава биле пронајдени 20 пакувања со 9.865 грама мешавина од парацетамол и кофеин која на илегалниот пазар се користи како додаток на наркотичните дроги за зголемување на нивната маса, потоа дигитална вага и торба со траги од наркотична дрога хероин./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

