Црна хроника
Девојка нападнала полицајка во Гевгелија

Дваесет и четиригодишна девојка нападнала полицајка во Гевгелија.
Според информациите од МВР, вчера во 12 часот во Полициска станица Гевгелија била приведена А.Р.(24) од Гевгелија, бидејќи нападнала полициска службеничка која интервенирала по пријава од Т.Р.(79) од Гевгелија дека истиот ден околу 10 часот неговата сопруга Р.Р.(72) од Гевгелија била физички нападната од нивната внука А.Р.
По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени мажи од Битола и Ресенско, возеле под дејство на алкохол

Денеска во 02.06 часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 67-годишниот П.Д. со престој во село Жабени, битолско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
Исто така, вчера, во 20.30 часот во село Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода 51-годишниот М.М. од Битола.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од М.М. и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.
Лицата веднаш се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
За време на рочиште истепал адвокат: кривична против маж од Кичево

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник И.Ф. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.
Црна хроника
Уапсен 23-годишник од Скопје: при претрес најдено оружје и куршуми

Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19.07.2025 година извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.
За време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум.
По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Фото: принтскрин