Економија
(Видео) Анѓушев претстави мерки за повисока продуктвност и конкурентност на компаниите
Економијата во земјата се развива во добра насока, а за тоа доказ е растот на домашниот бруто-производ од 4,1 отсто во првиот квартал и од 3,1 отсто во вториот квартал на 2019 година, но и дека Владата оцени оти е вистински момент, со дополнителни стимулативни мерки, реалната економија, која е носител на економскиот раст, дополнително да се раздвижи, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој денеска пред претставници на компании, членки на Комората, ги презентира измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, усвоени неодамна, како и мерките од предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување поради зголемување на платата, кој само пред неколку дена е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).
„До минатата година имаше право да користи финансиска поддршка само оној што не го намалуваше бројот на вработени. Со измените на законот дозволена е толеранција до 5 отсто во поглед на намалување на вработените во годината што се аплицира во споредба со претходните три години. Го проширивме опфатот на компании, вклучени се фирмите од информатичкиот сектор, како и фирмите регистрирани како трговски или некоја друга гранка. Во опфатот сега се вклучени и фирмите што се од земјоделството ако реализираат инвестиции во преработувачката индустрија. Речиси 4.000 компани ги исполнуваат условите да аплицираат за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, потенцира вицепремиерот.
Вицепремиерот се осврна и на мерките планирани со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување поради зголемување на платата, кои исто така се произлезени како барање и потреба на стопанството.
„Повеќето од стопанствениците се соочуваат со проблемот на работна сила, односно со наоѓање квалитетни и квалификувани вработени или со задржување на квалитетниот обучен кадар. Сите тие вршат притисок за покачување на платите. Сите вие сте соочени со еден проблем или со една трка, а тој проблем е што вие би ги зголемиле платите затоа што јас не познавам совесен сопанственик што не би сакал да ги задржи квалитетните работници, меѓутоа кога ќе ги зголемите платите, прашање е дали вашата ликвидност може тоа да го издржи. Во таа насока ценевме дека можеби е добро ние како држава во тој дел да можеме да помогнеме. Се разбира, не можеме да ги субвенционираме платите на вработените, меѓутоа можеме да помогнеме во делот на придонесите. Го цениме тоа како инвестиција во човечкиот капитал. Мерката е едноставна, во вредноста од 600 до 6.000 денари сите оние што сакаат да му зголемат плата на вработен, а како референтна плата се цени просечната плата во претходните 3 месеци, во тој случај работодавецот треба да ги плати нето-платата и персоналниот данок за вработениот, а државата ќе ги плати преостанатите средства: придонесите за здравственото и пензиското осигурување и другите додатоци што се во пакетот на социјални придонеси, а што ги плаќа секој работодавец. Со други зборови, доколку сакате да ја покачите платата 100 евра, сега би требало вие на тоа да платите 10 отсто +27,7 отсто, а со новите мерки ќе треба да се плати само 10 отсто, а 27,7 отсто ќе плати државата и тоа значи ќе ги уплати реално тие пари во фондовите. Со тоа нема да бидат оштетени ни пензискиот ни здравствениот фонд, напротив, само ќе се дополнат средствата во овие фондови“, заврши вицепремиерот Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски
Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека Оперативниот план за самовработување е доказ дека државата инвестира во младите.
„Со овој план во 2025 година ќе бидат опфатени нешто повеќе од 16.500 лица. Нешто што мислам дека е најголем опфат до сега и јасен доказ дека државата практично инвестира во луѓето, а посебно во младите“, рече Мицкоски.
„До пред една недела издадени се вкупно 2.916 ваучери за изработка на бизнис план и дел од тие ги промовиравме во Владата. Оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментот повеќе од 2.500 лица веќе се во процес на потпишување договори. Финансиската поддршка е значително зголемена: 7.000 евра за лица над 29 години или 14.000 евра ако се здружат во ДОО, и 10.000 евра за млади до 29 години или 20.000 евра ако се здружат во ДОО“, нагласи Мицкоски и додаде дека ова е нешто коешто за прв пат се случува во Македонија.
„Морам да кажам дека ги изненади и нашите очекувања и во годините коишто следат очекувам поддршката којашто е дел од овој Оперативен план за самовработување само да се зголемува, бидејќи ако ние со 40 милиони евра успеавме да анимираме повеќе од 16.500 луѓе, тоа е сериозна бројка и убеден сум дека од тие бизниси ќе излезат многу бизниси старт-ап коишто понатаму ќе донесат додадена вредност во македонската економија“, дециден е Мицкоски.
„Ваква поддршка за младите немало. Генерално зборувам, реконструкција на студентските домови, ваучерите за студентите за електронски уред и кога сето ова ќе се земе во предвид, ценам дека како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил во независна Македонија за младите“, објасни Мицкоски.
Економија
Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.
„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.
На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.
„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.
Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.

