Црна хроника
Во самоодбрана избодел напаѓач
Во вторник околу пладне во Гостивар бил нападнат жител на село Форино, од соселанец, кој во самоодбрана му нанел рани со нож на напаѓачот, соопшти полицијата.
Имено, во Гостивар, на бул. „Гоце Делчев“, додека Б.Д.(30) од село Форино управувал „опел астра“, бил сопрен од „комбе“ од кое излегол Б.Н.(28) од истото село и физички го нападнал.
Б.Д. со цел да се одбрани со нож му нанел на Б.Н. неколку убодни рани во пределот на рацете и рамењата.
Извршен е увид на местото на настанот, Б.Н. е пренесен во Медицински центар Гостивар и задржан за понатамошно лекување.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен жител на Таринци, кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на татко му
Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип.
Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.
По целосно документирање на случајот, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Насилство во две основни училишта во Скопје – полицијата работи на расчистување на случаите
Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот.
На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Скопје пријавил О.М. (44) од Скопје дека на 24 ноември, околу 09:00 часот, во училница на основно училиште во Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. И за овој настан се преземаат мерки за понатамошно расчистување.
Топ
Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“
Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

