Европа
Џонсон: Излезот од „ваква“ ЕУ е подобар избор

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, смета дека за Британија би било подобро доколку наскоро излезе од Европската унија отколку да остане во неа.
„Кога ќе погледнеме колку чини социјалната политика на ЕУ, кога ќе ја видите стагнацијата на европските економии или продолжението на апсурдните прописи кои доаѓаат од Брисел, јасно е дека се движиме кон момент кога подобро ќе биде да се излезе од ваквата нереформирана ЕУ, отколку да се остане во ваква Унија“, вели Џонсон.
Коментарите на Џонсон доаѓаат пред објавувањето на извештајот кој покажува дека економијата на Лондон не би претрпела значајни последици во случај доколку Британија излезе од Унијата.
Се очекува Џонсон на претставувањето на извештајот да предложи план од осум точки за реформи на ЕУ, кои би требало да бидат посеопфатни и потемелни од она што со „новите преговори со ЕУ“ се обидува да го направи актуелниот британски премиер, Дејвид Камерон.
„Додека одиме кон тој момент, немам никаква дилема дека можеме да предводиме кампања за реформи. Но доколку сакаме да успееме во тоа, потребно е да ги зајакнеме своите сојузништва и да научиме да ги цениме и прифатиме погледите на своите пријатели на континентот за сите работи“, навел Џонсон во авторски текст објавен на „Daily Telegraf“.
Градоначалникот на Лондон смета дека Камерон „мора да биде храбар“, доколку сака подобри услови за Британците во ЕУ, и дека не треба да се плаши јасно да стави до знаење дека Британија е подготвена да ја напушти Унијата, доколку не добие задоволувачки одговор./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин
Европа
Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

Во напад со руски беспилотни летала загинаа три лица во регионот Харков во источна Украина, изјави синоќа гувернерот Олег Синегубов.
„Околу 21:30 часот по локално време, Русите го нападнаа селото Хотимља со беспилотни летала“, напиша тој на Телеграм. Во нападот загинаа двајца 40-годишни мажи и една 25-годишна жена, рече тој. Двајца други мажи се исто така повредени и хоспитализирани.
Украина: Жртвите работеле на поправки на патишта
Синегубов, исто така, рече дека некои од жртвите работеле на поправки на патишта.
Претходно во четврток, двајца украински деминери беа убиени за време на руски напад во северна Украина, во област што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата, објавија украинските власти и една невладина организација.
Руското Министерство за одбрана, од своја страна, извести за „уништување на точка за подготовка и лансирање на беспилотни летала со долг дострел што им припаѓаат на украинските вооружени сили во регионот Чернигов“, негирајќи дека жртвите биле хуманитарни работници.
Неколку предупредувања за воздушни напади беа издадени во Украина синоќа по самитот на Коалицијата на волните во Париз.
фото: принтскрин