Македонија
(Видео) Димовски: Собранието денеска може да гласа само за разрешување на Јанева

,,Секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони, секогаш кога правните и државните органи кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, со големи последици”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница.
Тој се повика на изјавата на претседателот на Советот ја обвинители, Коле Шетрјов велејќи дека Советот констатирал оти обвинителката Катица Јанева работела несовесно и незаконски.
Димовски реч дека доколку владејачкото мнозинство изведе акробации да се спаси Јанева дека не работела несовесно, тоа ќе биде на грб на граѓаните. ,,Единствено нешто за кое Собранието денеска може да гласа е разрешување на Јанева”, рече Димовски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ истакна дека најмалку 10 пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за одлучување во Собранието.
,,Во моментов имаме правно лудило, верификување на печат и различни потписи. Секој правен експеримент може да донесе штета на државата, СДСМ сакаа да ја имаат играчка СЈО во своите раце. Такви експерименти на моменти ќе ви бидат забавни, но не се завршува така”, рече Димовски.
Собранието денеска расправа за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Мандатот како специјална обвинителка на Јанева ѝ завршува на 15 септември. Таа моментнo е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.
Македонија
Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 проценти странски туристи.
Од странските туристи кои ја посетиле земјата во јуни 2025 година, најмногу дошле од Турција – вкупно 34.366 лица, следат Србија со 8.897, Германија со 8.011 и Холандија со 3.604 туристи.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,5%, со намалување од 2,5% кај домашните туристи и зголемување од 19,7% кај странските туристи. Вкупниот број на ноќевања во првото полугодие се зголемил за 8,5%, при што кај домашните има мало намалување од 1,1%, а кај странските зголемување од 13,3%.