Црна хроника
Тројца загинати во пад на авион во Франција

Три лица загинаа во четвртокот во несреќа на туристички авион во местото Вертезон, во централниот дел на Франција, пренесува AFP повикувајќи се на локалната противпожарна служба.
Авионот во кој се наоѓале три лица, маж, неговата сестра и пилот, се урнал во полето меѓу местата Пон-ду-Шато и Вертезон, близу премин на локалниот пат. Пожарникарите биле предупредени од контролата на летањето во Лион дека мал туристички авион исчезнал од радарите околу 10 часот претпладне.
Според прелиминарните елементи од истрагата, авионот од типот TBM 800 летал за Париз, а засега не се познати причините за неговото уривање. Остатоците од леталото биле распрскани на површина од неколку стотици квадратни метри./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот