Црна хроника
Шестмина загинати, меѓу кои две деца, кај Куманово

Шест лица ги загубија животите во страшната сообраќајка која се случи попладнево на патот Куманово- Крива Паланка, потврдија од МВР.
Во стравичната несреќа кај кумановското Смилчиште настрада цело едно семејство од Скопје, кои се возеле во автомобил марка БМВ со скопски регистерски таблички.
Животот го загубија маж, жена и две деца (четиригодишно и шестгодишно дете), а нивните тела биле целосно изгорени, па тешко се идентификувале.
Во вториот автомобил инволвиран во несреќата, „пасат“ со кумановски таблички животот го загубија полициски службеник и уште еден маж.
Според МВР, несреќата се случила во 16.45 часот.
Засега се непознати причините поради кои дошло до стравичниот директен судир.
Сообраќајот на патниот правец е сопиран, па возилата кои се движат по него се спуштија по прашниви патишта и по околните ниви, за да го поминат местото на несреќата.
„Поради тешка сообраќајна несреќа, која се случи околу 18 часот на патниот правец М2 Куманово – Крива Паланка (седум километри после Куманово), сообраќајот е пренасочен по стариот пат Р212 Куманово – Крива Паланка“, соопшти АМСМ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.