Спорт
24 репрезентации ќе се борат за 15 милиони евра
Во Сиднеј со ждрепка се одредени групите во АТП-купот, натпреварување со кое ќе биде отворена новата сезона.
Турнирот ќе се игра во Сиднеј, Бризбејн и во Перт од 3 до 12 јануари, а наградниот фонд изнесува 15 милиони долари. На овој турнир максимално ќе може да се освојат 750 бода во сингл и 250 во дубл.
На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, кои се поделени во шест групи, а во завршницата што ќе се игра во Сиднеј ќе се пласираат првите две селекции од секоја група. Секоја репрезентација ќе има по двајца играчи, што значи дека ќе се играат по два сингл и еден дубл-меч.
АТП-куп:
Бризбејн:
Група А: Србија, Франција, Јужна Африка, квалификант
Група Б: Германија, Грција, Канада, Австралија
Перт:
Група Ц: Шпанија, Јапонија, Грузија, квалификант
Група Д: Русија, Италија, САД, квалификант
Сиднеј:
Група Е: Швајцарија, Белгија, Велика Британија, квалификант
Група Ф: Австрија, Хрватска, Аргентина, квалификант
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Шведска утре игра на ЕП
Фото/ macedoniahandball.com.mk
Европското првенство во ракомет за жени почнува утре во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија утре од 20.30 часот во Дебрецен против репрезентацијата на Шведска ќе го одигра првиот натпревар во Групата А.
На овогодинешното Европско првенство, кое ќе трае до 15 декември, за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации.
Македонските ракометарки покрај Шведска во Групата А за противнички ги имаат домаќинот Унгарија и Турција. Овие две селекции, утре од 18 часот ќе го одиграат својот натпревар.
Во Дебрецен се игра и Б групата, во која се Црна Гора, Романија, Србија и Чешка. Во
групата Ц (Базел) ќе играат Франција, Шпанија, Полска и Португалија, а во групата Д (Базел) Данска, Швајцарија, Хрватска и Фарските Острови.
Во групата Е (Инсбрук) ќе бидат Норвешка, Австрија, Словенија и Словачка, додека во групата Ф (Инсбрук) ќе се натпреваруваат Холандија, Германија, Исланд и Украина. П
Пласман во втората фаза на ЕП ќе обезбедатт двете најдобро пласирани селекции од секоја група. Втората фаза на ЕП ќе се игра во Дебрецен и Виена.
Титулата на континенталниот шампионат ја брани селекцијата на Норвешка која пред две години во финалето на ЕП ја совлада Данска со 27:25.
Спорт
Ферстапен: Во Мекларен ќе ја освоев титулата многу порано
Макс Ферстапен, четирикратниот шампион во Формула 1, за време на прославата на титулата изјави дека многу побрзо и полесно би ја освоил шампионската титула во болидот на Мекларен.
Титулата ја обезбеди на две трки пред крајот, по трката во Лас Вегас, во период во кој побрзите конкуренти од Мекларен и Ферари ја ставија во прашање превласта на Ред Бул.
„Многу сум горд. Во 70 проценти од сезоната го немавме најбрзиот болид, па дури успеавме да ја зголемиме предноста во однос на нашите ривали“, изјави Макс за „Скај Спортс“.
„Ваквите работи само повеќе ме мотивираат. Луѓето постојано ги предизвикуваат моите достигнувања и постојано слушам приказни дека можам да победам само во најбрзиот болид, но јас го докажав спротивното. Ако сега не ме препознаат, не знам кога ќе ме препознаат. Дали би ја освоил титулата со Мекларен? Апсолутно, и многу порано“.
Ова беше четврта последователна титула за Ферстапен. Досега победи на осум трки, но во последните 12 трки има само една победа.
Спорт
Гвардиола во ноември постави неколку негативни рекорди
Нов неуспех на Манчестер сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине црната серија на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите.
Сити синоќча на „Етихад“ до 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиол и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.
За Гвардиола, еден од најголемите тренери на сите времиња, ова е првпат во кариерата неговиот тим да испушти победа по водство од три гола разлика. Тоа му се случи на 942. натпревар во неговата тренерска кариера.
Ова е само еден од црните рекорди/негативни достигнувања што ги постигна во текот на ноември.
Еве уште неколку: ова е неговиот прв месец без победа во Сити откако стана негов менаџер во 2016 година, прв месец без победа во кариерата на Гвардиола од јануари 2015 година кога го водеше Баерн, но тој месец играше и загуби само еден натпревар.
Гвардиола во последниот месец загуби со 0:4 за прв пат во својата тренерска кариера (против Тотенхем), за првпат загуби четири натпревари во Премиер лигата и за прв пат загуби пет натпревари во низа.
Конечно, неговиот Сити му дозволи на Феенорд да дојде од 0-3 до конечни 3-3, со што стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој испуштил предност од три гола.