Свет
Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД
Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
„Иранските власти никогаш нема да разговараат со Америка… тоа е дело на нивната (американска) политика да вршат притисок врз Иран… нивната политика на максимален притисок врз Иран ќе пропадне“, рекол Хамнеи во телевизиско обраќање.
Иранските власти соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп во Обединетите нации на заседанието на Генералното собрание кога Белата куќа во неделата остави отворена можност за потенцијален состанок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден е „речиси идентичен со оној што Хамас рече дека ќе го прифати пред само неколку недели“ и додаде дека „единственото нешто што го спречува прекинот на огнот“ е Хамас.
Тој додаде дека Америка и другите посредници „се уште не добиле официјален одговор на предлогот од милитантната групација“
„Светот треба да знае, палестинскиот народ треба да знае дека единственото нешто што го спречува итното примирје е Хамас“, рече Милер, а пренесува „ABC News“.
Тој додаде дека има некои разлики меѓу предлозите што Хамас претходно изјави дека ќе ги прифати, но посочи дека Америка, Катар и Египет сметаат дека пречките може лесно да се отстранат.
Минатиот петок американскиот претседател Бајден претстави предлог што треба да доведе до ослободување на заложниците од Газа и прекин на огнот, пренесува Танјуг.
Свет
Земјотрес ја погоди Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба.
Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих.
Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот најверојатно го почувствувале граѓаните низ целата земја, а тој можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот, пренесува Танјуг.
Регион
Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе
Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеци, реши да се произнесе и да го даде своето сведочење во врска со овој случај пред обвинителот денеска, ова во текот на изминатата недела го потврди неговиот адвокат Живадин Богдановиќ.
Срѓан Јанковиќ, кој управувал со автомобилот кога девојчето било удрено, по апсењето се бранел со молчење и по два месеци решил да зборува.
Инаку, најстариот Драгијевиќ, татко на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, Дејан Д., на 29 мај беше пуштен да се брани од слобода, откако беше приведен за соучесништво во кривично дело за кое се уште нема докази, бидејќи телото на девојчето не е пронајдено.
Тој веќе извесно време не е во семејната куќа во Злот, која ја нашол празна, бидејќи во меѓувреме починале и неговиот помал син Далибор и неговата сопруга Светлана.
– Пред неколку дена дојде кај мене да ги подмири трошоците за погребот на неговата сопруга. Донесе се што требаше од фондот на ПИО бидејќи и двајцата се пензионери. Беше целосно депресивен, затоа никој ништо не го праша, ниту имаше сила да го праша. Што може да се праша во ваква ситуација – изјави сопственикот на погребалното претпријатие во Бор.