Црна хроника
Уапсени три лица, меѓу кои и полицаец, за вршење транспорт на лажни азиланти
Три лица од Струмица и Богданци, меѓу кои и еден полицаец, вршеле транспорт на лажни азиланти од Македонија до земјите од Европска унија и за таквата „услуга“ наплатувале по 200 или 300 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата Ј.М. (46), А.А. (33) двајцата од Струмица и И.М. (56) од Богданци, полициски службеник при граничен премин “Дојран“, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „соизвршителство“.
Прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со противправна имотна корист организирале и превезувале лица, државјани на Македонија, во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор, со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија, на прописите на Европската унија, Шенгенскиот договор и на меѓународното право.
Пријавените организирањето и транспортот го вршеле на лица од повеќе населени места од општините Струмица, Виница и Радовиш и други места, при што на истите ми ветувале дека ќе добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума пари најчесто од 200-300 евра од член на семејство.
Третопријавениот И.М. како полициски службеник за пасошка контрола на ГП„Дојран“ во содејство со Ј.М. и А.А., а со цел да се стекне со противправна имотна корист ја злоупотребил својата службена должност и кога бил на смена како полицаец за пасошка контрола на ГП„Дојран“ на излез од Македонија без да побара доволно докази од лицата кои се транспортираат како баратели на азил, ги пропуштил да ја преминат државната граница и притоа освен првопријавените како возачи на возилата не ги евидентирал сите лица кои биле во возилата, а исто така во одредени случаеви не ги евидентирал ниту пријавените кога ја преминувале границата на излез од Македонија.
Пријавените се уапсени, а судија на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

