Црна хроника
Почина еден од повредените во сообраќајката кај Демир Капија

Дваесет ичетиригодишниот Никола Маринковиќ од Србија, кој беше повреден во сообраќајната несреќа што се случи во понеделникот кај Демир Капија, почина во болница во среда попладне.
Маринковиќ три дена беше во кома по тешката сообраќајка што се случи меѓу автомобили „форд фиеста“ и „шкода фабија“, со српски регистарски таблички, на магистралниот пат Демир Капија – Удово.
Во несреќата загина осуммесечно бебе, а повредени беа седум лица. Таткото на бебето Драган поминал со полесни повреди, додека неговата сопруга и петгодишниот син се здобиле со тешки повреди. На сопругата и е извршена операција на ’рбетот, додека на детето му биле скршени колкот и бутната коска.
Починатиот Никола, инаку е брат на Драган.
И останатите тројца патници, кои биле во „форд фиестата“ се здобијај со повреди. Возачот Рајко Радојковиќ (21) од Ниш излезе од болница, но ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција сé додека не заврши истражната постапка, одлучил судот во Неготино на барање на обвинителството/.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.