Спорт
Кога дојде, кога успеа? Икарди не зборува со двајца соиграчи од ПСЖ

Мауро Икарди во Пари Сен-Жермен требаше да ја „воскресне“ својата фудбалска кариера по нарушувањето на човечките односи во Интер кои го чинеа капитенска лента и доверба на навивачите и на клубот, но ниту на „Паркот на принцовите“ не му оди најдобро во таа област, ако се верува на весникот „Л’Екип“.
Контроверзниот Аргентинец успеал да ги наруши односите со двајца соиграчи од клубот, бидејќи Анхел ди Марија и Леандо Паредес го „изолирале“ поради тоа што се добри пријатели со Макси Лопез, човекот кому Икарди му ја „украде“ жената.
„Сапуницата“ околу Ванда Нара е добро позната – таа е поранешна сопруга на Лопез и причината за распадот на тој брак е токму Икарди.
Икарди е на позајмица во ПСЖ, но францускиот клуб има опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.
Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025