Спорт
Каљари повторно нема да бидат казнети за расистичките извици кон Лукаку

Каљари повторно избегнаа санкции за расистичкото однесување на нивните навивачи, откако дисциплинскиот трибунал на Серија А одлучи дека нема да поднесе акција против клубот откако Ромелу Лукаку од Интер беше пречекан со мајмунски извици.
„Ако се земат во предвид димензиите и вистинската перцепција на настаните, извиците не можат да се сметаат за дискриминаторски под кодот на лигата“, се вели во соопштението на Серија А.
Каљари, сепак, беа казнети со 5.000 евра за фрлање на пластични шишиња на теренот при 3:1 победата над Парма минатиот викенд.
Со слични аргументи, Каљари избегна казна за расистичкото однесување кон Моисе Кин минатата сезона, кој играше за Јувентус тогаш. Во 2017 година, играчот на Пескара, Сали Мунтари си излезе од теренот поради расистички извици од навивачите на Каљари, но Серија А ниту тогаш не го казни клубот од Сардинија, велејќи дека се работи само за 10 навивачи.
BREAKING: Serie A have confirmed once again that Cagliari will not face punishment for the racist chanting aimed at Inter’s Romelu Lukaku pic.twitter.com/pgzv6ltbsb
— Andrew Cesare (@AndrewCesare) September 17, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.