Спорт
Турците ја победија Белорусија, сега ќе навиваме утре да ја „довршат“ и Финска

Турција очекувано со 3:1 (25:21, 26:24, 20:25, 25:19) ја победи Белорусија во последниот денешен меч во нашата група Ц, и сега доколку во последното коло ја совлада Финска ќе ја прати репрезентацијата на Македонија во осминафиналето на Европското првенство.
Македонија сега утре ќе треба да навива за Турците да ја совладаат Финска, репрезентацијата која нас не победи тесно, за да ни се отвори патот до осминафинале, каде што би не чекал првопласираниот тим од групата А, каде што Франција и Италија имаат по четири победи пред последното коло во кое играат меѓусебно.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
ГРУПА А
Грција – Португалија 1:3 (25:19, 21:25, 23:25, 17:25)
Италија – Бугарија 3:1 (22:25, 25:23, 25:21, 25:17)
Табела: 1.Франција 12, 2.Италија 12, 3.Бугарија 9, 4.Португалија 3, 5.Грција 3, 6.Романија 0
ГРУПА Б
Австрија – Шпанија 2:3 (23:25, 28:26, 23:25, 25:23, 11:15)
Словачка – Белгија (23:25, 20:25, 15:25)
Табела: 1.Белгија 11, 2.Србија 9, 3.Словачка 5, 4.Германија 4, 5.Шпанија 3, 6.Австрија 1
ГРУПА Ц
Словенија – Македонија 1:3 (24:26, 28:30, 25:19, 24:26)
Турција – Белорусија 3:1 (25:21, 26:24, 20:25, 25:19)
Табела: 1.Русија 12, 2.Словенија 9, 3.Турција 3, 4.Македонија 6, 5.Финска 4, 6.Белорусија 2
ГРУПА Д
Црна Гора – Полска 0:3 (10:25, 17:25, 19:25)
Естонија – Холандија 1:3 (25:22, 19:25, 19:25, 20:25)
Табела: 1.Полска 12, 2.Холандија 9, 3.Украина 6, 4.Чешка 3, 5.Црна Гора 3, 6.Естонија 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?