Македонија
(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти
Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале камапња за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.
„Со Министерството за правда и за внатрешни работи почнавме акција, со која сакаме да укажеме дека сите тие напади се казниви, дека се предвидени парични казни, но и казна затвор. Дел од напаѓачите во последните случаи на насилство врз здравствени работници заврши во притвор“, рече Филипче.
Министерот најави мобилна патрола во старата градска болница, каде, како што рече, имало најмногу инциденти, особено во дежурствата.
Филипче уште еднаш упати осуда кон насилствата врз лекарите и здравствените работници, кои пожртвувано ја работат својата работа спасувајќи им ги животите на сите пациенти. Тој најави и мерки за зголемување на дигнитетот на лекарите, преку, како што рече, зголемување на платите и унапредување на услугите на кои работат тие.
Министерот рече дека во клиниките има вработено обезбедување, кое не е ефикасен начин за решавање на овој проблем со насилството. Анализирале со МВР и заклучиле дека најсоодветно решение е ангажирање полициски службеници.
На новинарско прашање зошто дошол на протестот на кој се протестира против системот чиј претставник е токму тој, Филипче не одговори конкретно, само продолжи со објаснување на новите мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

