Европа
Без договор за нацрт законот за референдум за членство на Британија во ЕУ
Владејачката коалиција во Велика Британија не успеа во вторникот да се договори за нацрт законот со кој се предвидува референдум за членството на земјата во Европската унија, со што се одложува неговото носење во парламентот.
Текстот на законот кој го заговара Боб Нејл, пратеник на Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон, го гарантира одржувањето на референдумот за споменатото прашање во 2017 година, без оглед на тоа кој ќе биде на власт по парламентарните избори во мај 2015 година.
Поради се поголемата популарност на популистичката евроскептична партија UKIP в Велика Британија, премиерот Камерон кон крајот на 2013 година вети дека ќе спроведе референдум, доколку победи на изборите следната година.
Британските парламентарци на 17-ти октомври го прифатија текстот во првото читање, а пред за него да гласа Домот на лордовите, мора да го мине и второто читање во долниот дом на британскиот парламент. Меѓутоа, поради неможноста партиите да постигнат договор, нема да биде можно да биде поднесен пред пратениците за гласање.
Проевропски расположените либерални демократи сметаат дека нивниот конзервативен партнер во власта намерно го саботирал нацрт законот кој го урива аргументот според кој гласот за конзервативците во 2015 година е единствениот начин да се гарантира одржувањето на споменатиот референдум.
Боб Нејл, пак, изјави дека либералните демократи свесно „го убиле“ неговиот текст. „Немаа смелост да гласаат во долниот дом против референдумот за ЕУ“, заклучи./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин го разреши генералниот директор на Роскосмос
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Јуриј Борисов од функцијата генерален директор на Роскосмос и на негово место го назначи Дмитриј Баканов, објави каналот Телеграм на Кремљ.
Одлуката за смена на шефот на руската државна корпорација за вселенски активности стапува во сила денеска, пренесува ТАСС. Пред неговото именување во Роскосмос, 39-годишниот Баканов работел во Министерството за транспорт како заменик министер.
На оваа позиција тој беше особено вклучен во прашањата за иновациите, вклучувајќи го и беспилотниот транспорт, соопшти агенцијата.
Пред да се приклучи на руското Министерство за транспорт, Баканов беше на чело на сателитскиот систем Гонец од 2011 до 2019 година.
Руското Министерство за транспорт соопшти дека му честитало на Баканов за неговото назначување и му посакало континуиран успех на новата функција. Борисов беше на чело на Роскосмос од 2022 година, кога го замени Дмитриј Рогозин.
Пред неговото именување, тој работеше како вицепремиер на Руската Федерација, надгледувајќи го технолошко-одбранбениот комплекс, а пред тоа беше заменик министер за одбрана на Русија, јави ТАСС.
Европа
Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина набргу ќе биде откриен, познати првите детали
Блумберг објави дека Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина и Русија, потврдил дека следната недела во Минхен ќе го претстави планот на Трамп за мир во Украина. Келог ќе учествува на безбедносна конференција во Германија и таму ќе ги претстави главните точки на предлогот.
Во објава на социјалните мрежи во вторникот, Келог напиша дека целта на Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина ќе биде тема во Минхен. Тој додаде дека таму ќе се сретне со американските сојузници кои се подготвени да соработуваат со нив.
Pleased to announce my participation @MunSecConf 2025. As @POTUS's Special Envoy for Russia & Ukraine, I look forward to speaking about @realdonaldtrump's goal to end the bloody and costly war in Ukraine. I’ll meet with America’s allies who are ready to work with us. #MSC2025 pic.twitter.com/GLUhgI46H7
— Gen. Keith Kellogg (@SPE_Kellogg) February 4, 2025
За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на руско-украинската војна „во рок од 24 часа“ по преземањето на функцијата, или дури и пред да стане претседател. Поминаа речиси три недели откако положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
Конференцијата во Минхен ќе се одржи од 14 до 16 февруари, а потоа се очекува да бидат објавени и детали за планот на Трамп, пишува Блумберг.
Според Радио Слободна Европа, планот на Трамп би можел да вклучи замрзнување на конфликтот и оставање на териториите окупирани од Русија „во неизвесност“, додека Украина ќе добие безбедносни гаранции. Но, не е јасно како би изгледале тие гаранции.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното видео обраќање рече дека неговата администрација во последните денови ги интензивирала контактите со Вашингтон во врска со можните мировни преговори.
We continue working on sanctions against Russia, targeting those who help finance its war against Ukraine. Today, I discussed this with the UK Foreign Secretary during his visit to Ukraine.
It is crucial to keep pressuring Putin’s shadow tanker fleet, which moves oil around the… pic.twitter.com/hLr2AMPTqx
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 5, 2025
„Имаме значително интензивирана комуникација со американската администрација. Имаме и многу интензивни разговори со другите партнери. На Украина и треба вистински, траен и гарантиран мир и средства за да се осигура дека Русија секогаш знае што ги чека оние што сакаат да и нанесат штета на Украина. Отворени сме за силна дипломатија и сега подготвуваме токму таква дипломатија. И за ова ни е потребна издржливоста на нашите војници, ефикасноста на нашата армија и нејзината модернизација“, рече Зеленски.
Европа
(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа
Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков.
„Нападот беше насочен кон еден од најголемите пазари во Харков, лоциран во областа Киевски, во близина на транспортната инфраструктура. Продавниците се во пламен. Засега нема информации за жртви“, објави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм.
Overnight, Russian drones destroyed Barabashovo Market in Kharkiv — one of the largest in Ukraine and Europe.
With casualties still being ascertained, countless trading pavilions have been reduced to ruins. pic.twitter.com/vuc3qQNh8L
— KyivPost (@KyivPost) February 6, 2025
Олех Синјехубов, шеф на воената управа на Харковската област, рече дека остатоци од дрон Шехид паднале врз продавниците на пазарот.
Пазарот Барабашов беше најголемиот пазар во источна Украина и 14-ти најголем пазар во светот. На 75 хектари посетителите можеа да најдат сè, од облека, електроника и покуќнина до свеж зеленчук, храна и земјоделски производи.
Tragedy in #Kharkiv: The ‘Barabashovo’ Market Destroyed 🤬🤬🤬🤬🤬
One of the largest markets in Ukraine and Europe has been reduced to ruins.
Rows of shops and dozens of pavilions were engulfed in flames. The third video captures the moment of the drone strike. pic.twitter.com/biUITvseQ1
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) February 6, 2025
Пазарот привлекува купувачи од Украина и од соседните земји поради големиот избор и пристапните цени.
Русите од почетокот на војната неколку пати го нападнаа пазарот. Во првите неколку месеци од инвазијата, беше гранатиран најмалку три пати. Големи делови од пазарот беа уништени, но трговците секој пат се враќаа.