Црна хроника
Татко, мајка и ќерка повредени од експлозија на боца

Тројца членови на едно семејство од тетовското село Радиовци се повредени, од кој еден потешко, при експлозија на боца во нивната сопствена куќа, соопшти во неделата МВР.
Инцидентот се случил, в саботата околу 14 часот кога Н.М.(55) со цел да одмрзне боца со полиуретанска (пур) пена, ја ставил во близина на шпоретот. Од топлината истата експлодирала, а со повреди во пределот на главата и телото се здобиле Н.М., кој по укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово е препратен во Ургентен центар Скопје, неговата сопруга Н.М.(54), која по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување и нивната ќерка М.М.(21), која е задржана во Медицински центар Тетово за понатамошно лекување. Од експлозијата оштетен е дел од покуќнината и двата прозора од просторијата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Во два одвоени случаи уапсени три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д. од Кочани.
На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Исто така, вчера во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода 32-годишниот Г.П. и 29-годишниот А.А., двајцaта од Виница.
Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.
Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.