Црна хроника
Франкфурт: Страв од војна на балканските банди
Германската полиција стравува дека неодамнешното убиство на двајца српски државјани во еден хотел во Франкфурт би можело да биде вовед во жестока пресметка на бандите од Балканот.
Ова во саботата го пишува весникот „Вести“, кој се печати на српски јазик во Франкфурт. Весникот дознава дека можен мотив за убиството на Бојан Ристиќ и Марко Јакшиќ е нивниот наводен обид да се вклучат на локалниот пазар на наркотици.И натаму трае опсежна истрага и потрага по три лица, кои се осомничени дека ноќта помеѓу 30 и 31 декември, во франкфуртскиот хотел Луксор, со ножеви буквално ги масакрирале двајцата српски државјани.Како што дознава весникот од неофицијални, но доверливи извори, бидејќи јавното обвинителство во Франкфурт стави ембарго на сите официјални информации од истрагата, сторителите, кои биле снимени од безбедносните камери на хотелот, со сигурност се со потекло од поранешна Југославија.Злосторството предизвика голема вознемиреност кај локалната јавност, но и кај полицијата во Франкфурт. Пресметки на мафијата со потекло од Балканот во метрополата на Мајна се немаат случено уште од крајот на 80-те од времето на Љуба Земунац и Горан Вуковиќ, потсетува „Вести“.Стравувањата дека масакрот во хотелот Луксор е најава за војна на ривалски нарко-банди од Балканот во борба за превласт се поткрепува со бруталниот начин на кој се ликвидирани Јакшиќ и Ристиќ. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.