Црна хроника
Уапсен братот на Кили
Братот на актерот Кили, Владимир Поп Христов бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид од Грција да влезе во Македонија.
Тој е обвинет за одгледување и производство на марихуана, дело што го сторил заедно со неговиот брат, актерот Кирил Поп Христов, кој беше осуден на една година затвор за ова дело .
На Владимир му беше изречена мерка притвор во отсуство. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Сузуки“ излета од пат, четворица се повредени
Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.
Топ
Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал
Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект што се користел како фурна, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот во објектот, сопственост на М.И. од селото Криволак, изгаснат бил од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино.
Нема повредени лица, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.