Црна хроника
Откриени три килограми марихуана кај Свети Наум

Царинските службеници од граничниот премин Свети Наум во четвртокот попладне спречија обид за нелегално внесување на 3 кг марихуана, при што биле уапсени еден македонски и еден израелски државјанин.
Како што соопшти во петокот Царинската управа, вчера околу 17:30 h, за влез во Република Македонија на граничниот премин Свети Наум пристигнал автомобил Mercedes Benz – такси со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин, во кое како патник патувал македонски државјанин со иницијали А.М. Царинските службеници пристапиле кон рутински преглед, при што во патните торби сопственост на патникот, пронајдени се три најлонски кеси со непозната тревкаста материја, обвиткани со маици и сместени помеѓу алиштата. Со тестирање на материјата утврдено е дека станува збор за Cannabis Sativa, т.е марихуана во вкупна тежина од 3 кг.По откривањето на случајот и брза акција на царинските инспектори од Одделението за истраги, во Охрид е лоцирано лице со иницијали Г.Р – израелски државјанин со унгарски пасош, сопственик и организатор на транспортот на дрогата. Според изјавите на осомничените А.М и Г.Р., дадени во текот на информативниот разговор, тие меѓусебно се запознале преку социјалните мрежи една недела пред критичниот ден преку трето лице од Израел и ја договориле набавката и преносот на дрогата.На 15 –ти овој месец, за сума од 1050 евра, лицето Г.Р. ја набавил марихуаната од Џирокастро, Албанија, но не ја пренел во Македонија, туку ја сокрил во грмушки во близина на албанско-македонската граница, а границата ја поминал пеш. Г.Р подоцна се договорил со македонскиот државјанин А.М за сума од 1500 евра, да му ја пренесе дрогата преку граница и подоцна ја смести во својата семејната куќа во Велес. Оттаму, потоа требало да ја пренесат марихуаната до Берлин, каде истата требало да ја продадат преку нивниот заеднички пријател.Против сторителите, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до охридското Јавно обвинителство, а сторителите ќе бидат изведени пред истражен судија./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.