Македонија
Макрдули на Светскиот конгрес за чист воздух во Истанбул
Заменик-министерот за животна средина и простoрно планирање, Јани Макрадули, денес и утре, учествува на 18-тиот Светски конгрес за чист воздух (WCAC), кој од денеска до 27 септември се одржува во Истанбул, Република Турција.
Во рамките на денешната сесија „Предизвици и можности во управувањето со квалитетот на воздухот во Европа и централна Азија“ заменик-министерот имаше свое обраќање.
Говорејќи за глобалниот предизвик за справувањето со аерозагадувањето, Макрадули во своето обраќање се осврна на имплементацијата на планот за чист воздух, како и на предизвиците со кои се соочува нашата држава од аспект на подобрување на квалитетот на воздухот.
На маргините на Светскиот конгрес за чист воздух заменик-министерот одржа работен состанок со генералниот директор на Меѓународната унија на здруженијата за спречување на загадувањето на воздухот (IUAPPA), Ричард Милс, на кој беше договорено потпишување протокол за пристапување на Република Северна Македонија како членка на Унијата.
Светскиот конгрес за чист воздух има цел да обезбеди светска платформа преку која на научниците, креаторите на политиките и бизнисмените им се овозможува да разговараат за најнапредните научни знаења и најновите напредоци и технички решенија за подобрување на квалитетот на воздухот.
Светскиот конгрес за чист воздух (WCAC) е организиран од Меѓународната унија на здруженијата за спречување на загадувањето на воздухот (IUAPPA), со поддршка на Европската федерација за чист воздух (EFCA) и Федерацијата за чист воздух во Азија (CAA), поддржани од Светската здравствена организација (СЗО), Конвенцијата за прекугранично загадување на воздухот со долг дострел (LRTAP), Коалицијата за клима и чист воздух (CCAC) и други поголеми институции, кои на меѓународен план овозможуваат помош и соработка во борбата против загадувањето на воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

