Европа
Euractiv: Започнува клучната седмица за Комисијата на Јункер

Следните десет дена ќе бидат клучни за тоа каков ќе биде планот на новиот менаџмент со Европската унија (ЕУ), во обид да се ревитализира економијата и да се врати довербата на 500-те милиони жители на Унијата, пишува Euractiv, осврнувајќи се на интервјуата кои следат за кандидатите за еврокомесари, предложени од новиот претседател на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.
Поранешниот премиер на Луксембург, при презентацијата на својот нов тим, истиот го нарече „политички, а не технократски“, а во овој состав влегуваат неколку поранешни премиери и неколку кариерни бирократи.
Се очекува дека интервјуата во Европскиот парламент (ЕП) ќе бидат особено жестоки за кандидатите од Британија, Франција, Шпанија и Унгарија. Преку контроверзниот избор за клучните улоги, Јункер се надева дека ќе ги надмине спротивставувањата на земјите членки околу европските политики, давајќи им на кандидатите поголема моќ во оние области каде нивните влади не се согласуваат со Брисел.
Преку изборот на Британецот Џонатан Хил за позицијата еврокомесар за финансиски услуги, и на Французинот Пјер Московици за еврокомесар за економски прашања, Јункер сака да го придобие Лондон во поглед на заедничките европски финансики правила, а Париз во поглед на реформите во државното трошење.
Предлозите на Јункер добија поддршка од националните лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел , а според бриселските дипломати, номинацијата на Хил била „генијален потег“. Но мнозинството во Европскиот парламент се уште треба да биде убедено од кандидатите дека одлуките на Јункер се оние вистинските.
Euractiv потсетува дека структурата на новата Комисијата на Јункер е направена за да ја сопре лавината од новите европски закони, кои налутија мнозинство европски граѓани, и да се фокусира на неколку приоритети, односно пред се ревитализација на економијата и намалување на невработеноста, а треба да одговори и на растечката поддршка за антиевропските националисти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.