Црна хроника
Гостиварец сушел марихуана во бањата

Гостиварец одгледувал марихуана во дворот од својата куќа, а ја сушел во бања.
Во понеделникот полицијата направила претрес во домот на триесет и четиригодишниот гостиварец и во бањата на првиот кат била пронајдена една саксија со растителна тревкаста материја, сместена во шкаф кој служел за сушење.Во дворот од куќата биле пронајдени вкупно единаесет стебла од растението канабис сатива. Стеблата се подигнати од страна на екипа од кримтехника и се одземени со потврда за привремено одземени предмети. Гостиварецот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше убиено едно лице.
На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.
Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил „голф“ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди опасни по животот.
Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето избегале.
Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност, исто така, била загрозена.
За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, е одреден притвор.
Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.