Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Авионите носеа навивачи, а блиндираниот 'мерцедес“ е за странски гости
Во креираните и монтирани материјали коишто во средата на прес-конфференцијата во седиштеот на најглемата опозицска партија СДСМ, ги објави нејзиниот лелник Зоран Заев, не докажувале ништо криминално и ништо што не е во согласност со законите, смета владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев презентираше режирани и сечени материјали кои не докажуваат ништо криминално и ништо што не е во согласност со законите. Неговото воведно обраќање преставува манипулација и наведување во целосно погрешен контекст кој единствено му одговара на Зоран Заев. Токму затоа тој имаше денес подолг наратив од самите креирани материјали кои ги пушта во јавноста. Тоа е од причина што самите материјали иако и така монтирани и сечени немаат никаква релевантност и не докажуваат ништо“, се наведува во реакцијата
Од ВМРО-ДПМНЕ дека Заев со тврдењето дека биле организирани авионски линии за пренесување на гласачи, всушност манипулирал, бидејќи според владејачката партиај станува збор за организирање на авиони за следење на Европското првенство во кошарка, „нешто за што беше информирана и целата јавноста и се одвиваше низ комплетно транспарентен процес“.
„Потоа Заев сакаше да претстави дека била направена незаконитост со заплена на компјутери, а всушност станува збор за опрема која е одземена и по направените проверки постои обврска истите да бидат вратени, што и било направено“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до автомобилот кој Заев го спомна на прес-конфернецијата, во рекацијата се истакнува дека станува збор за „комплетно неточен и манипулативен наратив“, односно дека автомобилот не бил на премиерот Никола Груевски, туку сопственост на Република Македонија, поточно на Министерството за внатрешни работи кој се користел за обслужување на високи странски гости, делегации и политичари.
„ Автомобилот е блиндиран што ја објаснува и неговата вредност. Заради фактот што возилото во кое се вози премиерот е старо повеќе од 20 години старо, новиот автомобил се користи при посети на премиерот надвор од Скопје, или во случаи кога старото возило кое го користи е на поправки или сервис“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ/
„Оттаму велат, сите тврдења на Заев се шпекулација, невистина и лага, а целокупното негово политичко дејствување се заснова на монтирани и сечени материјали чија драматичност се правела со исклучиво неточен наратив. Денеска, дури и самиот ги интерпетираше зборовите и сопственото толкување на работите. Самите креирани материјали не се соодветни со фактичката состојба. Нема ниту рекет, ниту местење на тендери. Зоран Заев е свесен за тоа и затоа отворено манипулира, се вели понатаму во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.
Македонија
СДСМ: Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава
Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.
– СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат. Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите. Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата. Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани. Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад, – додаваат од партијата.