Европа
Данска запре возови со мигранти кон Шведска, и го сопре сообраќајот со Германија
Данската полиција запре во средата запре два воза од Германија за да ги регистрира и да спроведе контрола врз азилантите и мигрантие кои патувале за Шведска, што предизвика негодување кај бегалците, од попладнето данските железници објавија дека го сопреле целосно железничкиот сообраќај со Германија.
Околу две илјади луѓе во пристаништето Родби одбиле да ги напуштат возовите и да се упатат кон центрите за прифаќање мигранти во Данска, и инсистирале да го продолжат патувањето во Шведска каде ги очекувале роднини и пријатели, пренесува агенцијата DPA.
Германија и Шведска се најпосакуваните дестинации за оние кои имаа намери да бараат азил, додека Данска последните години воведе построги правила и ограничување за мигрантите. Данскиот парламент минатата седмица изгласа значително намалување на социјалната помош и другите погодности за мигрантите.
Овие мерки дури данската влада ги објави во три дневни весници во Либан, за да ги запознае потенцијалните мигранти што може да очекуваат во Данска.
Ситуацијата во споменатото данско пристаниште со одбивањето на мигрантите да излезат од возовите е во ќорсокак, а полицијата се надева дека со дијалог ќе успее да го реши проблемот. Во самиот град Родби како засолниште на мигрантите на располагање им стојат спортската сала и училиштата, а локалното население им дава помош во храна и облека.
Данските државни железници DSB објавија дека го запреле сообраќајот меѓу Данска и Германија поради гужвите кои се создаваат при контрола на пасошите на граничните премини. Данската полиција претходно го затвори и автопатот кој ги поврзува двете земји, откако 300 бегалци, меѓу кои има и деца, влегоа во земјата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.
Европа
Четворица цивили загинаа во гранатирање во Украина
Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти.
Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск.
Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа Запорожје, две лица загинаа кога градот Камјанка-Днипровска беше под украински оган, напиша на Телеграм Евгениј Белицки, гувернерот назначен од Русија.
Градот се наоѓа на голема акумулација покрај реката Днепар, која ја минува Украина, недалеку од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на бојното поле од ниту една завојувана страна.