Свет
Невработеноста во ЕУ се лизнала на најниското ниво во седум години

Невработеноста во Европската унија се лизнала во април на најниското ниво во последните седум години, а благо е намалена и невработеноста кај младите во 28-члениот блок, покажува извештајот на европската статистичка агенција Eurostat објавен во вторникот.
Грција и натаму е прва меѓу земјите во ЕУ со највисока стапка на невработеност од 24,2 отсто во февруари, а следи Шпанија 20,1 отсто. Најниската стапка на невработеност забележала во април Чешка од 4,1 отсто. По неа се Германија и Малта од 4,2 односно 4,3 отсто.
Во споредба со минатогодишниот април, речиси сите земји во ЕУ, освен Естонија и Белгија, забележале пад на стапката на невработеноста, а најголемата Кипар за 41,-процентен поен. Во Белгија останала непроменета, а во Естонија пораснала за 0,1-процентен поен.
На ниво на ЕУ сезонски прилагодената стапка на невработеност пресметана според методологијата на Меѓународната организација за труд (ILO), се лизнала во април на 8,7 отсто, што е најниското ниво од април 2009 година. Во март изнесувала 8,8 отсто, а во ланскиот април 9,6 отсто.
Во 17-члената зона на единствената европска валута во април останала непроменета во однос на претходниот месец и изнесувала 10, 2 отсто. Во однос на минатогодишниот април намалена е за 0,8-процнетни поени.
Без работа во 28-те земји на ЕУ според процените на Eurostat во април биле 21,224 милиони луѓе, од кои 16,420 милиони во еврозоната. Со тоа нивниот број во однос на март годинава е намален во ЕУ за 106.000, а во еврозоната за 63.000. Во однос во минатогодишниот април бројот невработени во ЕУ се намалила за 2,096 милиони, а за 1,309 милиони во еврозоната.
Стапката на невработеноста меѓу младите во ЕУ, во старосната група до 25 години во април изнесувала 18,8 отсто, наспроти 19 проценти во март, и 20,7 отсто во истиот месец во минатата 2015 година. Во еврозоната невработеноста на младите е намалена на 21,1 отсто, од 21,4 отсто во март. Во април минатата година изнесувала 22,5 отсто, покажува извештајот.
Без работа во ЕУ во април биле 4,235 милиони млади, од што 2,932 милиони во земјите од еврозоната. Со тоа нивната бројка е намалена на годишно ниво за 495.000 во ЕУ, односно за 261.000 во еврозоната.
Најголема стапка на невработеност на младите е регистрирана во Грција од 51,4 отсто (грчките податоците се за февруари), а следуваат Шпанија со 45 отсто и Хрватска 38,9 отсто.
Најниските стапки на невработеност меѓу младите во април се регистрирани во Германија од 7 отсто, во Малта – 8,9 проценти и во Чешка од 9,5 отсто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.