Црна хроника
Вработената во поштата е вистинскиот крадец на парите
Вработената во поштата во Катланово два пати лажно пријавила дека е ограбена од разбојник. Парите си ги земала таа.
Пред три дена Министерството за внатрешни работи соопшти дека е ограбена поштата во Катланово, а касата „олеснета“ за 400 000 денари. Вработената им кажала на полициските службеници дека ја нападнал разбојник со нож и дека таа од страв се онесвестила.
Истата вработена и минатата година пријави грабеж на поштата во нејзина смена кога беа украдени 331 000 денари. И тогаш, наводно беше нападната од разбојник со пиштол при што се онесвестила од страв.
МВР информира дека и двата случаи биле лажни и дека парите ги земала службеничката.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.