Македонија
„Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје
Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и уште многу други културни содржини ќе бидат дел од годинешната јубилејна 15. „Бела ноќ“ во Скопје.
На 15 локации истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“, на присутните ќе им понудат разновидна културно-уметничка содржина. Веќе 15 години фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот што одговара на урбаната заедница, која се изедначува со својот град.
Како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе почне во 20 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден толку грандиозен фестивал, на кој се родиле голем број музички имиња кои оставиле огромни хитови, кои сè уште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и „Ај кју“.

Победниците на натпреварот во видеомапинг на Skopje Light Art District 2019, Французите Џереми Ури и Милош Лисински, својата визуелна уметност ќе ја отсликаат на фасадата на катната гаража „26 Јули“.
Во МКЦ, пак, како дел од 9-тото издание на фестивалот „НЕкултура“, посетителите ќе се забавуваат со прочуеното британско електронско дуо Paranoid London, но и со домашните Pluto’s Doubt, Sethstat, Barum Barum и другите артисти и диџеи, кои ќе бидат дел од фестивалот.
Во МНТ од 22 часот ќе има премиера на претствата „Круг“, адаптирана според антологиското дело на Артур Шницлер (Reigen), а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ја отвора вечната тема – потрагата за љубов наспроти потребата за секс. Низ десет интимни сцени ќе влеземе во креветите на десет карактери, кои како во синџир се врзуваат во еден затворен круг. Во главните улоги ќе ги видиме македонската актерка Дејана Попоска, која живее и работи во Париз, и италијанскиот актер Јакопо Гaрфањоли. Претставата е забранета за помлади од 18 години, а ќе се одигра на англиски јазик со превод на македонски.
Националната опера и балет ќе одбележи свој јубилеј, 70 години постоење со делата „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.
Многу други изложби, настани, претстави, концертни настапи во живо, ќе се одржат низ Скопје – КИЦ, Театар „Комедија“, Музејот на македонската борба, Галерија 8 во Старата чаршија, во паркот „Ибни Пајко“, „Мала станица“, градското кино „Милениум“, како и во Музејот на современата уметност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

