Спорт
Гвардиола: Нема да се самоубијам ако не ја освојам ЛШ

На Пеп Гвардиола очигледно му се смачи да одговара на прашањата за неговиот неуспех да ја освои Лигата на шампионите по заминувањето од Барселона велејќи дека нема да се самоубие доколку не ја освојат титулата со Манчестер сити оваа сезона.
По рекордната победа на Премиер лигата во 2018 и историската домашна тројна титула (Премиер лига, ФА-купот, Лига-купот) минатата сезона, на Гвардиола во Сити му недостига само трофеј од ЛШ. Но, тој инсистира дека не постои притисок да го освои трофејот оваа сезона.
„Дефинитивно, следниот чекор за Манчестер сити е освојувањето на Лигата на шампионите, но понекогаш тоа е невозможно. Понекогаш се потребни неколку години, понекогаш и подолго. Барселона е мој клуб и уште ми е во срцето и со него ја освоив првата титула во ЛШ во 1992. Ќе се обидеме да го направиме тоа оваа сезона, но нема да биде катастрофа и да не ја освоиме. Сакам да ја освојам, но ако не се оствари, тоа нема да ми го смени животот, нема да одам да се самоубијам. И на првата прес-конференција беше истото прашање: ’Тука си да ја освоиш Литата на шампионите’“, вели Гвардиола.
Сити игра со Динамо Загреб во вториот меч од ЛШ оваа сезона кога во првиот дуел со 3:0 го победи Шахтјор Донецк. Во првата сезона со Сити тој испадна од Монако по 6:6 и правило на постигнат гол на гости, а Тотенхем на ист начин отиде лани. Во 2017/2018 Ливерпул на Јирген Клоп го победи Сити во двата меча за да стигне до финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.
Спорт
Жоао Педро во Челси

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“.
Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.
Со трансферот на Педро, Челзи ја заврши целосната реконструкција на напаѓачката линија.
Ова лето, Челзи договори за три трансфери на напаѓачи во вредност од 145 милиони фунти, односно 170 милиони евра. Во клубот пристигнаа покрај Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс.
Спорт
Клоп: Ливерпул даде премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.
„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.
„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.