Црна хроника
Изгореа два локали во Градскиот трговски центар

Два локала со вкупна површина од 150 метри квадратни изгореа во четвртокот наутро во пожарот што избувна во Градскиот Трговски Центар во центарот на Скопје.
Пожарот избувнал во кафетерија, по што се проширил на соседниот локал, продавница за обувки, инаку сопственост на исто лице.
Во интервенцијата учествувале 10 возила со 26 пожарникари, и не е дозволено негово проширување на соседните објекти. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Охриѓанец трага по сопругата, пријавил во полиција

На 25 април 2025 година, во 20:50 часот, во СВР Охрид беше пријавено исчезнување на 26-годишната М.К. од Охрид. Според информациите од полицијата, нејзиниот сопруг М.К. (38) пријавил дека таа се оддалечила од нивниот семеен дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а истрагата е во тек.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат било какви информации поврзани со исчезнатата М.К. веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.
Црна хроника
Прилепчанец возел ем пијан, ем со забрана, полицијата го приведе

28-годишниот А.М. од Прилеп ноќеска е лишен од слобода откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол и со активна забрана за возење.
Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, во 03.25 часот на улицата „7 Септември“ го сопреле патничкото моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал А.М.
По преземени мерки било утврдено дека возачот имал 1,80 промили алкохол во крвта, а дополнително било констатирано дека управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.
А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен возачот кој удри повозрасен маж на кружен тек во Скопје

Скопјанецот Е.Ј. (31) е уапсен од страна на полицијата откако со својот автомобил удрил пешак на 87-годишна возраст во центарот на Скопје.
Инцидентот се случил на 25 април 2025 година околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ј. управувал патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кога го удрил пешакот Ѓ.П. (87) од Скопје.
Пешакот бил веднаш пренесен со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Набргу потоа, на 26 април во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј. По целосно документирање на случајот, и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.