Црна хроника
Притвор за лицето што нападна полицаец во Слупчане
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што наведе МВР, осомничениот на 29.9.2019 година со употреба на опасно орудие нападнал полицаец и го повредил. Полицаецот бил во состав на мото-патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејства за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.
Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе решение, со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Комбе удри во пешак во Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/brza-pomosh-5.jpg)
Вчера околу 08.20 часот на улицата Иво Лола Рибар во Куманово, товарно возило управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Возач излета од патот Кичево – Охрид, доби тешки повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/60483510_942658566072347_396627967653969920_n-1.jpg)
Вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај Ново Село, општина Дебрца, автомобил управуван од Д.М.(34) од Струга, излета надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.
Фото: илустрација
Црна хроника
Врата падна врз осумгодишно дете во станица за технички преглед во Тетово, тешко повредено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/342025459_587640746653309_1573256149671935991_n.jpg)
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот и 10 минути во кругот на станица за технички преглед во Тетово, 8-годишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.