Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот не смее да биде казнет за криминалните политики и неспособноста на Зоран Заев
Наместо да ги лаже високите гости, Зоран Заев треба да им признае дека Македонија со него на чело тоне. Корупцијата, криминалот и рекетот го уништуваат општеството. Граѓаните се разочарани и во се поголем број ја напуштаат Македонија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за обраќањето на премиерот Зоран Заев на конференцијата „Самит на Западен Балкан – Зацврстување на моментумот за европска интеграција“, во организација на угледниот магазин „Економист“.
„Лошата состојба е, пред сè, резултат на лошото водење на економската политика. Големото задолжување, високите даноци, преполнувањето на јавната администрација, злоупотребата на институциите и шиканирањето на правото се обележја на оваа власт.
Република Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи народот не смее да биде казнет за криминалните политики и неспособноста на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период засилено лобира за датум, но евентуалниот почеток не е и не може да биде замена за ефективниот правен систем и функционалната економија.
Со Зоран Заев на власт – Македонија не може да тргне напред. Со Зоран Заев на власт – Македонија тоне. Зоран Заев треба да си замине“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

