Регион
Маж се запали на протестите на ветераните во Загреб

Хрватски државјани синоќа се запали пред седиштето на Министерството за бранители во Загреб, каде се одржувал протест на воените инвалиди. човекот кој се запалил со тешки повреди е пренесен во Трауматолошката болница, потврди загрепската полиција.
Според неофицијални информации, се работи за лице кое не било учесник на протестите туку дошол отпосле, се полеал со бензин и се запалил.Полицијата не може да го потврди идентитетот на мажот и дали се работи за хрватски бранител, а при инцидентот повредено е уште едно лице кое се обидело да помогне.Засега не се познати ниту мотивите за обидот за самоубиство, а очевидци сведочеле дека лицето кое се запалило дошло со такси, кратко ги поздравил бранителите собрани околу огнот, а потоа ненадејно се полил со бензин и се запалил. Пред тоа наводно извикал: „Се за Хрватска! Држете се!“, пренесува Хрватската радиотелевизија која од дежурниот лекар дознала дека 50-годишникот е стабилен и надвор од животна опасност.Во организација на Здружението на стопостотни хрватски воени инвалиди од Татковинската војна и со поддршка на други здруженија на бранители на почетокот на минатата седмица пред зградата на Министерството за бранители почна протестот, којшто според најавите на организаторот ќе траат додека не биде сменет ресорниот министер Предраг Матиќ, неговата заменичка и помошникот.Незадоволните воени инвалиди ги обвинува челниците на Министерството дека не направиле ништо за да ги заштитат нивните права./крај/хи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.