Спорт
ЛШ: Реал „спаси“ реми против Бриж, Соломон ги „реши“ Аталанта во 95. минута (видео)
Реал Мадрид требаше да остане со играч повеќе за да „извлече“ 2:2 реми во дуелот со Бриж во Лигата на шампионите за нова „бледа“ партија на тимот на Зинедин Зидан, додека Аталанта во својот прв домашен меч во ЛШ (иако го играа на „Сан Сиро“ во Милано), го доживеа вториот пораз во групата со драматична завршница и гол во 95. минута за 1:2 пораз од Шахтјор Доњецк.
Стартот не можеше да биде полош за Реал, кој во првото коло доживеа 3:0 пораз од Пари Сен-Жермен на гости, откако во деветтата минута, Нигериецот Емануел Денис успеа да го совлада Тибо Куртоа за „молк“ на „Сантијаго Бернабеу“. Реал потоа ја имаше играта, но во 38. минута, гостите од Белгија добија 0:2 предност, откако Денис успеа да „прекрати“ една топка на Лука Модриќ и повторно лице-во-лице со Куртоа да го совлада белгискиот голман.
Зидан на полувремето реши да го повлече Куртоа од голот и на неговото место да го постави Алфонс Ареола. Предноста на Бриж успеа да ја намали капитенот Серхио Рамос во 55. минута со убав гол со глава, а во финишот на мечот, во 84. минута, капитенот на Бриж, Руд Формер да добие втор жолт картон и Реал тоа веднаш го искористи откако по слободен удар, Касемиро беше на вистинското место за 2:2.
Во Милано, пак, Аталанта започна силовито – уште во 14. минута доби пенал, но Јосип Иличиќ не успеа да го реализира. Дуван Запата, сепак, во 28. минута носи предност за „Оробичи“, но славјето трае до 41. минута кога Жуниор Мораеш израмнува.
Кога навивачите на Аталанта се помирија дека ќе го прослават првото реми и првиот поен во ЛШ, на сцена стапи Израелецот Манор Соломон, кој донесе голема победа за украинскиот шампион.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
ГРУПА А
Реал Мадрид – Клуб Бриж 2:2
Галатасарај – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.
Табела: 1.ПСЖ 3, 2.Бриж 2, 3.Галатасарај 1, 4.Реал Мадрид 1
ГРУПА Ц
Аталанта – Шахјтор 1:2
Манчестер сити – Динамо Загреб 21.00 ч.
Табела: 1.Динамо З. 3, 2.Манчестер сити 3, 3.Шахтјор 3, 4.Аталанта 0
РЕАЛ МАДРИД – КЛУБ БРИЖ
АТАЛАНТА – ШАХТЈОР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А.
Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута.
Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но имаше три големи шанси за водство. Два пати Пулишиќ беше сам пред Де Хеа, а еднаш се обиде Габија.
Во судиското продолжение, Фиорентина остана без тренер, бидејќи Паоло Ваноли доби директен црвен картон.
Домашниот тим во второто полувреме целосно ги надигра Росонерите. Офанзивата им донесе резултата на „виолетовите“ во 66-тата минута, кога Комуцо погоди за 1:0.
Бод, Милан освои со голот на Нкунку во 90-та минута.
Foto/ EPA

