Контакт

Спорт

Тениски судија суспендиран за „пуштање“ на девојче кое ги носи топчињата (видео)

Објавено пред

Италијанскиот тениски судија, Џанлука Москарела е суспендиран откако и се „пушташе“ на девојката која ги собираше топчињата на Челенџ турнирот во Фиренца.

Москарела беше „фатен“ на видео како и вели на девојката: „Многу секси!“, по што ја прашуваше: „Дали си жешка, физички или емоционално? Или двете?“.

Инцидентот се случи за време на мечот помеѓу Педро Соуса и Енрико дала Вале и не беше единствен пример на скандалозно однесување на Москарела – додека Дала Вале беше на тоалет-пауза тој го охрабруваше Соуса.

„Остани фокусиран. 2 минути и готово е, требаше да победиш со 6:1/6:1 имаше 45 брејк топки“, му вели Москарела на Соуса.

Од АТП потврдија дека Москарела е суспендиран додека не заврши истрагата.

Спорт

Седуммина Македонци играат Топ 5 првенства во Европа

Објавено пред

На најновата листа на „малите“ држави со најмногу претставници во петте најсилни европски национални првенства Македонија се наоѓа на 17 место. Седум фудбалери од Македонија настапуваат во Серија А, Ла Лига, Лига 1, Премиер лигата и Бундес лигата. Од државите од поранешна Југославија помалку играчи во најсилните првенства имаат само Косово (6) и Црна Гора (5), додека најдобро котираат Србија (36), Хрватска (28), Босна и Херцеговина (15) и Словенија (10).

Во четири од петте најсилни национални шампионати во Европа игра најмалку еден Македонец. Македонија нема репрезента само во Премиер лигата.

Најмногу Македонци играат во Серија А. Елиф Елмас е во Наполи, Горан Пандев во Џенова, а Илија Несторовски во Удинезе.

Двајца, Енис Барди (Леванте) и Александар Трајковски (Мајорка) се во шпанската Ла Лига, а претставници на Македонија во Бундес лигата и француската Лига 1 се Дарко Чурлинов (Келн), односно Влатко Стојановски (Ним).

Прикажи повеќе...

Спорт

Федерер наредната година ќе игра на Ролан Гарос

Објавено пред

Роџер Федерер потврдил дека наредната година ќе игра во Париз, на Ролан Гарос. Швајцарецот открил каков ќе му биде распоредот пред Олимписките игри во Токио.

Легендарниот Швајцарец оваа година по пауза од четири години повторно настапи на Ролан Гарос. Тој стигна до полу-финалето каде беше поразен од Рафаел Надал.

Тој потврдил дека наредната година повторно планира да игра на турнирите на земјана подлога.

„Ќе играм на Ролан Гарос. Веројатно пред Париз нема да играм на многу турнири, бидејќи планирам да играм и на Олимписките игри“, рекол Федерер.

„Во распоредот ќе бидат Ролан Гарос, Хале, Вимблдон, Олимписките игри и веројатно Синсинати и Ју-Ес опен“.

Одлуката да игра на Ролан Гарос беше протолкувана како негова желба да се прости од публиката во Париз.

„Кога сте здрави, а јас сум здрав, тогаш сакате да играте на турнирите“, рекол Швајцарецот со што ги отфрлил коментарите дека наредната година ќе се пензионира.

Роџер Федерер има една титула на Ролан Гарос, во 2009 година в финалето тој го победи Робин Содерлинг.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лејкерс го декласира Вориорс, СА го реши Хјустон (видео)

Објавено пред

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс убедливо го поразија Голден стејт Вориорс во претсезоната. Лејкерс, предводен од Леброн Џејмс, славеше со 126:93. Вориорс беше без својот најдобар играч Стеф Кари, а Клеј Томпсон отсуствува поради повреда. Изминатата ноќ дербито на Тексас им припадна на кошаркарите на Сан Антонио Спарс.

Лос Анџелес Лејкерс во првото полувреме стекна недостижна предност против Вориорс. По првата четвртина водеше 26:11, а во финишот на вториот период имаше 70:39.

Леброн Џејмс забележа 18 поени и 11 асистенции, 18 поени постигна и Ејвери Бредли, а Кевин Кук против својот поранешен клуб постигна 16 поени. Вориорс беше предводен од Дијанџело Расел (23 поени).

Сан Антонио Спарс го победи Хјустон Рокетс со 128:114. Двоцифрен број поени кај Спарс постигнаа Ламаркус Олдриџ (22) и Дижонте Мареј (20). Ракетите ги предводеше Џејмс Харден со 40 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

Расчистено убиството во Кочани – синот го избодел татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 минути

Заев – Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во...

Европа37 минути

Постигнат договор за брегзит

Договорот за брегзит конечно е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија околу новиот...

Македонија1 час

Меркел : Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа3 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион3 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет4 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа4 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија14 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија16 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија18 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа20 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија21 час

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија22 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија23 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија23 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 ден

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион1 ден

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Досие