Црна хроника
Полицијата врши увид, се утврдуваат причините за пожарот во Македонски пошти
Увидни екипи на полицијата се на терен и ги утврдуваат причините за големиот пожар којшто избувна во вторникот попладне во објектот на Македонски пошти во центарот на Скопје.
Од МВР за Макфакс велат дека сè уште е рано за да се кажат причините за пожарот, тоа ќе се знае по извршениот увид.
Командантот на противпожарна заштита на Скопје, Благоја Менковски за Макфакс вели дека пред објектот дежура едно противпожарно возило, доколку има потреба да се интервенира.Според соопштението од АД „Македонски пошти“, во пожарот изгореле неколку канцеларии, покривот на зградата и шалтер салата во дирекција.
Управниот одбор на Македонски пошти ги информира граѓаните дека поштата ќе работи нормално на цела територија на Македонија и оти сите финансиски трансакции извршени во текот на вчерашниот ден се навремено процесуирани и заштитени.
Македонски пошти ќе продолжат нормално да работат, единствено Управата ќе се пресели во објектот кај железничката станица во Скопје.
Пожарот избувна во вторникот околу 16.30 часот, а во објектот биле вработените од втора смена, како и директорот на Македонски пошти, Рафиз Алити.
Според првичните претпоставки, пожарот избувнал од ткн. сервер сала, најверојатно од старата инсталација.
Но ова се само претпоставки, додека официјално не се утврди точната причина за големиот пожар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

