Црна хроника
Локализиран пожарот во Главна пошта, опасност нема
По неколкучасовна битка со пламените јазици, пожарот кој избувна во дирекцијата на Македонски пошти е локализиран.
Според Благоја Менковски, командантот на скопската противпожарна бригада, се работи на расчистување на теренот.
Во гасење на пожарот, учествувала речиси целата чета, односно околу педесетина пожарникари и дваесет противпожарни возила.
За причините за пожарот,а и повеќе податоци ќе има подоцна, откога ќе се заврши со расчистување.
Во пожарот кој го зафати објектот на Македонски пошти, според МИА, едно лице е пренесено во Клиниката за хируршки болести „вети Наум Охридски“ во Скопје, поради задушување од чад, но е во стабилна состојба и под лекарски надзор.
Скопјани, потврдуваат дека мирисот на чад и на изгорено се чувствува речиси по целиот град, особено кон Кисела Вода и Аеродром.
Пожарот во главниот објект на Македонски пошти избувна во 16.20 часот, а според директорот Рафиз Алити,бил предизвикан од старата електрична инсталација.
Во објектот во моментот на избувнување на пожарот имало вработени, а во канцеларијата бил и директорот Алити, кој посведочи дека најпрво се обиделе со ПП апарати да го изгаснат, но откако се проширил и на вториот кат, тој дал наредба сите да излезат.
Две лица биле заробени од пожарот на третиот кат, па повозрасна жена била вадена од пожарникари преку прозор, а мажот, кој ја познавал доволно зградата, иако низ ходниците ништо не се гледало, сепак го нашол излезот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.