Македонија
(Видео) За да остане во УНЕСКО, Охрид ќе забрани градење на крајбрежјето, уривање и ќе ја намали катноста
Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион предвидува забрана за градба на крајбрежјето, рушење објекти што прават крајбрежна трансформација, но и намалување на катноста на објектите што во идинина ќе се градат во Охрид, Струга и во Дебарца. При изработката на планот нотирано е дека намален е квалитетот на водите поради реката Сатеска и таа е најцрната точка за Охридскиот Регион.
Според нив, градот има прекумерна трансформација и поради невнимание на општините, односно се користеле бекатон-плочи на плоштадот, несоодветни сообраќајни решенија, поставувале клима-уреди, билборди, големи објекти и користеле несоодветни материјали.
Ана Петровска од Министерството за животна средина, која работела на изработка на планот, вели дека со зоните што ги направиле, ќе се воведе ред во Охрид и Струга. Засега не е утврдено кои од изградените објекти ќе останат во строго забранетата заштитна зона. За нив ќе пресуди студијата за оцена на културното наследство и животната средина.
„Се вопоставуваат заштитни зони и во градовите Охрид, Струга и во населбите, особено во крајбрежните делови, кои се многу важни да се стави под контрола урбанизацијата на начин што со зонирањето се обезбедува заштита на строгите споменички целини, односно јадрата во двата града. Имаме и контактни зони, односно втора и трета зона во рамките на градовите, каде што се ограничуваат процентот на изграденост и катноста на објектите со цел да се сменат промената на пејзажот и амбиенталните вредности. Крајбрежјето ќе се решава со еден интегрален урбанистички план од значење за државата, каде што овие режими дефинирани со планот ќе се имплементираат“, рече Петровска.
Според министерот Едмонд Адеми, некои од спроведените препораки за зачувување на УНЕСКО-статусот не се видливи и поради тоа во јавноста може да се створи погрешна перцепција. Тој смета дека клучниот проблем била комуникацијата меѓу државните институции и УНЕСКО и тоа е надминато. Запрашан за проблемот со дивоградбите, Адеми рече дека тоа прашање ќе се решава тековно потенцирајќи дека тие објекти не се единствениот проблем на Охрид, туку дека има и други забелешки, кои мора да се решат.
„Од јули до денес можам да ги потенцирам следните значителни исчекори: привремен прекин на сите градежни работи и легализација на територијата на Охридскиот Регион, се финализира планот за управување со културното и природното наследство, се финализира регистарот на дивоградбите во Охридскиот Регион, односно за Охрид и Дебрца е завршен, а очекуваме до крајот на месецот да ги добиеме информациите од Општина Струга. Се решава проблемот со колекторскиот систем. Со ребалансот на буџетот Владата одвои 50 милиони денари за ЈП ‘Колекторски систем’“, вели Адеми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

