Свет
(Видео) Путин се пошегува дека Москва ќе се меша во изборите во САД
На прашањето на новинар од Ен-би-си дали Русија планира да се меша во изборите во САД во 2020 година, Владимир Путин се пошегувал велејќи дека сигурно ќе го стори тоа.
„Ќе ви кажам тајна. Да, ние дефинитивно ќе го сториме тоа, само за да ве забавуваме уште повеќе“, рече Путин одговарајќи на прашањето на новинарите на пленарна седница на Руската енергетска недела.
Путин рече дека е смешно да се сугерира дека Москва ќе се обиде да се меша во претстојните претседателски избори во САД и дека Русија ќе соработува со кој било претседател избран од американскиот народ.
„Ние ќе соработуваме со кој било партнер, со кој било претседател избран од американскиот народ“, рече Путин на економскиот форум во Москва, пренесува ТАСС.
Тој истакна дека не биле дадени докази за вмешаност на Русија на претходните избори во САД, додава „Ројтерс“.
Путин исто така истакна дека Русија не презела никакви деструктивни чекори против САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Автомобил покоси возило на патарина во Италија, расте бројот на жртви
Три лица загинаа, а шест се повредени во сообраќајна несреќа во италијанската област Тоскана во областа Ливорно, кога автомобил управуван од германски државјанин удрил во друг автомобил на наплатна рампа.
Возачот и неговата сопруга загинаа кога нивниот автомобил удрил во автомобил управуван од 21-годишен маж, кој исто така загинал, пренесува РАИ.
Повредени се вкупно шест лица, меѓу кои и еден работник на наплатната рампа.
Надлежните сметаат дека до несреќата дошло поради болест на германскиот државјанин кој управувал со автомобилот што ја предизвикал несреќата.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец
Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд. Невреме со грмотевици може да се очекува до пладнево.
Повеќе од 1.800 луѓе од Федералната агенција за техничка помош сега се на должност во јужна Германија. Паралелно со нив, дежураат пожарникари и други работници за итна помош.
Пожарникар (42) загинал при операција за спасување на семејство во Баварија.
Портпаролот на окружната канцеларија изјави дека чамецот се превртел за време на операцијата околу 23.30 часот синоќа, а пожарникарот бил пронајден во неделата наутро.
Во чамецот бил со тројца колеги кои биле спасени. На еден од нив првично му била укажана помош во болница, а другите двајца веднаш биле пуштени дома.
Поплавите предизвикуваат штети не само во јужна Германија, туку и во Хесен. На А7 се случи несреќа откако автопатот беше поплавен. Водата на некои места била висока 80 сантиметри. Во Алсфелд имаше неколку одрони, а со вода беа поплавени и подрумите.
Massive flood on the street due to heavy rainstorm in Ebersbach an der Fils of the Stuttgart, Germany 🇩🇪 (02.06.2024)
Video: Daniboyd342
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/G5iu2YM0sF— Disaster News (@Top_Disaster) June 3, 2024
Германските железници ги прекинаа меѓуградските услуги меѓу Штутгарт и Аугсбург по штетата од невремето. Прекини имаше и на други врски од Минхен, Карлсруе и Штутгарт.
Во саботата вечерта, два вагони на брз воз со 185 патници излетаа од шините во Швебиш Гмунд, Баден-Виртемберг, по одронот. Според портпаролот на железницата, патниците биле неповредени и биле евакуирани од возот во текот на ноќта.
Во неделата претпладне врнежите од дожд стивнаа на југ, а на некои места нивото на водата веќе паѓа.
Сепак, поплавите сега се движат низводно – од Швабија кон Долна Баварија и Горен Пфалц. Меѓу другите места, може да бидат погодени Нојбург, Келхајм, Регенсбург, Штраубинг.
Во Елдерн се заканува да пукне брана. Се повикуваат жителите да се подготват за евакуација и да ги префрлат своите лични вредни предмети во повисоките области на зградите. Во случај на опасност од поплави, беше предупредено, да не се влегува во подруми и подземни гаражи.
Hochwasser in München (01.06.2024)
🔗 https://t.co/b6LaJJObYH#bayern #münchen #hochwasser #katastrophe #wasser #flut #flood #Überschwemmung #flooding #germany #deutschland #munich #muenchen pic.twitter.com/xxYnbnFWhG
— SchoelckeHQ (@schoelckeHQ) June 2, 2024
„Погодената област треба да биде широко заобиколена, а поплавените патишта повеќе да не се користат. Треба да ги следите упатствата на итните служби, да им помагате на децата и на другите луѓе на кои им е потребна помош, но без да ја загрозите сопствената безбедност’, соопштија локалните служби за итни случаи.
За време на невремето во изминатите денови на места за 24 часа наврна повеќе дожд отколку за еден месец.
Континуираните врнежи во делови од германските сојузни покраини Баварија и Баден-Виртемберг доведоа до пораст на нивото на водата што статистички се случува само еднаш во повеќе од сто години.
Во Кислег во Баден-Виртемберг во петокот за еден ден паднале 130 литри на метар квадратен, нормално паѓаат 118 литри месечно. Во Бад Верихофен во Баварија за 24 часа паднале 129 литри, додека просекот е 101 литар месечно.
Свет
Комунална во мај подигна 1.800 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје.
Интервенирано е на улиците Христо Батанџиев, Воин Драшковиќ и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, на улиците Васил Чакаларов и Теодосие Гологанов, како и во населбата Жданец во општината Карпош, на паркинг просторот пред скопските гробишта во општината Бутел, на повеќе локации во општините Аеродром и Кисела Вода, на улиците Вуковарска, Џон Кенеди и на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и на булеварот Партизански одреди во скопската општина Центар.
Воедно, за време на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) спроти Амбасадата на САД.