Црна хроника
Ограбени казино и бензинска пумпа

Разбојништво на едно казино во Скопје и на една бензинска пумпа на патот Скопје -Тетово регистрирани се во изминатите два дена, соопшти во саботата МВР.
Во петокот околу 18,00 часот во Скопје на ул.„11-ти Октомври“ во казино „Сенатор“, непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол извршил разбојништво над вработената при што одзел околу 35.000 денари од дневниот промет. Еден ден претходно, на автопатот Тетово – Скопје, односно на бензиската пумпа на „Лук Оил“ две непознати лица маскирани и вооружени извршиле разбојништво над двајца вработени при што одзеле околу 16.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.