Црна хроника
Охриѓанец крвнички нападнал чувар на ЈП „Проаква“

Дваесет и девет годишен охриѓанец во неделата без причина нападнал чувар на ЈП „Проаква“, удирајќи го со камен по главата и лицето, а потоа нанесувајќи му рана со нож на лицето.
СВР Охрид поднесе пријава против Ј.Н. (29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Пријавениот, на 14.09.2014 година без повод и причина физички го нападнал З.П.(46) вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот извадил нож и му нанел убодна рана на лицето, по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја. Поради сериозноста на повредите, З.П. е пренесен на државната клиника во Скопје на понатамошно лекување. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.
Црна хроника
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица.
Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од село Иловица.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале три лица: С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата од Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите имале регулиран престој во земјава. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопшти МВР.
Возачот и уште едно лице – Х.М.Т. (24) од Бангладеш – се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Истрагата за причините на несреќата е во тек.
Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.