Црна хроника
Вработени во „Македонски шуми“ го оштетиле претпријатието за над 1,5 млн денари
Тројца вработени во „Македонски шуми“ во Македонски Брод дозволиле бесправна сеча на дрва со што предизвикале штета од над 1,5 милиони денари на јавното претпријатие, соопшти МВР.
Полицијата поднесе кривична пријава против лицaта: С.С.(44) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како шумарски инженер, Б.Б.(60) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како референт за сеча и дотур, Т.Љ.(57) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како контролор на рампа и С.Д.(51) вработен во приватна фирма-рибник, сите од Македонски Брод., за сторени кривични дела –„несовесно работење во службата“и „пустошење на шума“.
Во октомври и ноември гoдинава тројцата вработени во претпријатието спротивно на прописите извршиле пустошење на шумата дозволувајќи безправна сеча на дабови стебла во вкупна количина од 220,81м3 со што прибавиле имотна корист или предизвикале имотна штета на претпријатието од 1.545.670 денари.
Четвртопријавениот како осомничено лице во договор со прво и второпријавениот, искористувајќи го отсуството на нивниот должен надзор и несовесно постапување доставил Барање за сеча во ШСЕ „Песјак“, по што откако му била издадена Дозвола за сеча за бараната количина, истиот од првопријавениот побарал и бил упатен да посекува дрва во забранетите пододдели на месноста викана .„Попотепало“ без присувство на шумочувар.
Истиот ден лицето иако свесно дека врши безправна сеча од забранети пододдели извршило посекување на сурови дабови дрва во количина од 5,6 м3, но бидејќи истиот е забележан и фатен на лице место од страна на шумочуварската служба како врши утовар на претходно наведената дрвна маса, истиот во револт ги истоварил дрвата и си заминал оставајќи ги истите на лице место, кои привремено се одземени и со записник предадени на ЈП„Македонски шуми“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

