Скопје
Почнува Баскерфест 2016

Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и годинава ќе донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет.
Од петок па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“ , а и во повеќе градови низ државата граѓаните ќе може да уживаат во многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи.Програмата ќе се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина.Фестивалот ќе го отворат магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер. Посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд и Шпанија.Во Скопје, како и низ градовите во Македонија ќе гостуваат жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти, музичари. Фестивалот ќе почне со парадата составена од учесници на фестивалот што во 18 часот ќе тргне од пред хотел „Бристол“ и движејќи се по улица „Македонија“ ќе стигне до Плоштад „Македонија“, а во 19 часот ќе го отворат: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер..И годинава најмладите ќе имаат свое детско катче, односно детска креативна работилница каде што ќе можат да ги покажат своите таленти, а новитет е „Галерија под отворено небо“ на која уметници од нашава земја ќе можат да ги изложат своите дела.Во склоп на „Баскерфест“, во саботана „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“, спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти. Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и е поддржан со 900.000 денари. Подгответе се за 10 дена позитивни вибрации во градот- Баскерфест 2016./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.