Црна хроника
Дошле да му наплатат струја, ги заклучил и сакал да ги убие
Двајца вработени во ЕВН едвај спасиле жива глава во битолското село Карамани, при интервенција кај еден должник за неплатена струја, кој најнапред ги заклучил, а потоа сакал сметките да ги израмни со пиштол, но бил спречен од неговото семејство.
Како што соопшти СВР Битола, лицата Н.М.(56) од Битола и Ѓ.М.(56) од Демир Хисар, двајцата вработени во ЕВН Македонија пријавиле дека во четвртокот во 11,45 часот додека во својство на службени лица интервенирале кај должникот Т.Ј.(72) од с.Карамани-битолско, истиот заедно со неговиот син П.Ј.(49) ги заклучиле во салонот од нивната семејна куќа.П.Ј. започнал да ги навредува и да им се заканува по животот, при што во еден момент тргнал во соседната соба да земе пиштол, но во намерата бил спречен од неговата сопруга и двајцата синови кој што се наоѓале во куќата, па откако не успеал во тоа се нафрлил врз пријавителите удирајќи ги со клоци и тупаници при што на Н.М. му нанесол телесни повреди.Пријавителите во еден момент успеале да го пронајдат клучот од влезната врата во куќата, да отклучат и да побегнат од местото на настанот.По целосното документирање на настанот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

