Европа
Серџо Матарела првиот Сицилијанец претседател на Италија
Досегашниот уставен судија, 73-годишниот Серџо Матарела, притаен демохристијански ветеран кого во Италија го сметаат за морална вертикала а во светот е слабо познат, е избран во саботата за нов 12-ти по ред италијански претседател со мандат од седум години како прв Сицилијанец на оваа должност.
Иако има главно церемонијална улога, италијанскиот претседател има важни овластувања во периодите на политичка нестабилност во земјата, што во Италија често се случува, кога може да го распушти парламентот, да распише избори и да назначи премиер.
Весникот La Repubblica го нарекува Серџо Матарела „одлучен седокос човек“, а весникот Il Giornale „срамежлив и дистанциран лик“ кој повеќе сака да остане сам со своите правни книги, отколку да се биде во центарот на внимание. Матарела е истовремено и првиот практичен католик на функцијата претседател на државата од 1999 година.
Серџо Матарела е роден во Палермо 1943 година, врвот на својата политичка кариера ја достигна во периодот од 1998 до 2000 година како заменик на премиерот Масимо Д’Алема. Пратеник во парламентот беше во периодот од 1983 до 2008 година, а пред четири години беше избран е за уставен судија.
Потекнува инаку од семејство на политичари. Неговиот татко Бернардо е еден од 556-те законодавци кои го составувале првиот италијански повоен устав и повеќекратен министер. Неговиот повозрасен брат Пјерсанти го уби сицилијанската мафија во 1980 година, додека беше претседател на регионалната сицилијанска влада.
Матарела беше и министер за одбрана 2000 до 2001 година, а остана запаметен како потписник во укинување на задолжително служење во војската. Го напиша и изборниот закон кој беше на сила од 1993 до 2005 година, според кој се одржаа изборите во 1994 година кога Силвио Берлускони првпат стана премиер, па во 1996-та кога првпат падна од власт и во 2001 година кога повторно дојде на власт.
Една од најголемите предности на Матарела е тоа што излезе апсолутно негибнат од големиот корупциски скандал „Чисти раце“ во почетокот на 1999-те. Во средината од 1990-те, Маталера, кој го застапуваше левото крило во редовите на италијанските демохристијани, кои практично престанаа да постојат по големите разобличувачки афери, и започна да го поддржува Романо Проди, по што во 2001 година беше избран за парламентот од редовите на левоцентристичката партија Маргарита која им се придружи на поранешните комунисти против Берлускони кого под водство на Проди успеаја да го соборат во 1996 година, и којашто подоцна стане една од основачките фракции на сега владејачката Демократска партија на премиерот Матео Ренци. Матарела се смета за еден од нејзините основачи, иако повеќе не се кандидира за пратенички мандат, а во 2011 година беше избран за судија во Уставниот суд на Италија.
Во саботата го избираа 1.009 пратениците од италијанскиот национален и од 20-те регионални парламенти, а за него гласаа 665 пратеници, без присуство на претставниците на движењето Пет ѕвезди. Матарела беше избран откако пропаднаа првите два круга од гласањето во четвртокот и петокот, кога му беше потребно двотретинско мнозинство, бидејќи ја немаше поддршката од пратениците на десноцентристичката партија Форца Италија на Берлускони, а во третото имаше 664 гласови, само девет под потребниот кворум од 673. Поранешниот премиер не беше наклонет кон предлогот на Матарела, покрај другото, и бидејќи тој министер за образование во владата на Џулио Андреоти во 1990 година поднесе оставка заедно со уште четворица министри поради усвојувањето на законот кој ги фаворизираше телевизиските тајкуни
Берлускони изјави дека неговата партија од десниот центар Форца Италија нема да го поддржи Матарела и го обвини Ренци за раскинување на сојузот склучен за носење на реформите, но не предложи кандидат кој и двајцата би го поддржале../крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Снег, дождови и силни ветрови предизвикуваат проблеми низ Европа
И денеска во Европа различни екстремни временски услови создаваат големи проблеми: снег и откажани летови во Холандија, забрана за товарен сообраќај во североисточна Франција, отежнат сообраќај на траектите во Грција и жолто предупредување во Велика Британија за снег, обилни дождови и силни ветрови.
Холандија
Невремето денеска предизвикува откажување и одложување на летови на аеродромот Шипхол во Амстердам – четири летови се откажани, а четири се одложени. Железничкиот сообраќај исто така е погоден: пријавени се задоцнувања на повеќе линии, додека сообраќајот меѓу Мастрихт и Лиеж е запрен до утре вечер. Снежните врнежи се очекуваат прво во северните, централните и источните покраини, а потоа постепено ќе преминат во дожд.
Франција
Околу 700 возачи на камиони се заглавени на автопатот А36 на североистокот и на RN57 во департманот Дуб и Жира, поради снежните врнежи кои го погодија источниот дел од земјата. Патиштата се затворени за возила над 3,5 тони до утре. Минатата ноќ работеле само машини за чистење снег, а Црвениот крст им доставил храна за возачите на камиони.
Грција
Траектите денеска постепено продолжуваат со сообраќај, откако ветровите попуштиле. Повеќето линии започнале нормално да пловат од раното утро, особено од пристаништето Пиреј. Сепак, властите предупредуваат дека рути можат да бидат откажани поради брзо менливите временски услови. Снежни врнежи се очекуваат во северните и планинските области, а се прогнозира и нагло намалување на температурата.
Велика Британија
Во многу делови на земјата е во сила жолто предупредување за снег, силни ветрови, мраз, обилни врнежи и поплави. Ова се однесува на централна и североисточна Шкотска, од северно од Глазгов до Абердин, и е во сила до 14:00 часот денеска. Метеоролозите најавуваат можни силни дождови, силни ветрови и снег, но со благо зголемување на температурите.
Германија
По неколкудневната зимска бура „Ели“, ситуацијата денеска се подобрува. Метеоролошката служба ги укина претходните предупредувања за обилни врнежи. Снежните врнежи до вчера предизвикуваа откажување на возови, пролизгување на автомобили и опасен мраз на патиштата.
Европа
Студ, снег и мраз ја погодија Европа: 34.000 домаќинства без струја во Британија, Франција под портокалов метео-аларм
Метеоролозите предупредуваат дека Велика Британија треба да се подготви за нов бран студено време, снег и мраз за време на викендот, по силната бура „Горети“ што ја зафати земјата.
За поголемиот дел од Британија е издаден жолт метео-аларм за снег и мраз.
Бурата „Горети“ во петокот донесе обилни врнежи од дожд и снег, како и силни ветрови низ голем дел од земјата, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Според податоците на Националната електрична мрежа, околу 34.000 домаќинства на југозападот на земјата биле без струја околу 22 часот синоќа.
Силниот ветер соборувал дрвја, а дел од воздушниот сообраќај бил сериозно нарушен. Авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ откажа околу 50 летови – 25 поаѓања и 27 слетувања на аеродромот „Хитроу“ во Лондон. Аеродромот во Бирмингем делумно ја затвори пистата и ги повика патниците да го проверат статусот на своите летови.
Поради лошите временски услови, затворени беа и бројни училишта – повеќе од 250 во Шкотска, над 150 во регионите Абердиншир, Мидлендс и Велс, како и во Северна Ирска.
Лошото време ја погоди и Франција. Националната метеоролошка служба „Метео Франс“ утрово стави шест департмани под портокалов метео-аларм поради снег и голомразица. Се најавуваат снежни врнежи од пет до 10 сантиметри, а возачите се предупредени на опасни и лизгави патишта.
Според француските власти, станува збор за изразен снежен бран кој може да предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во североисточниот дел од земјата. Температури под нулата, снег и силни налети на ветер беа причина за прогласување зголемена состојба на подготвеност.
Снежниот бран пристигнува од правец на Германија и земјите од Бенелукс, во зона погодена од остатоците на бурата „Горети“. Снегот ќе паѓа и на пониски надморски височини, од 200 до 300 метри.
Се очекува снежната покривка да достигне од седум до 10 сантиметри на височини од 300 до 400 метри, од 10 до 20 сантиметри меѓу 400 и 500 метри, додека во повисоките планински предели локално може да достигне и до 40 сантиметри.
Властите упатија апел до возачите на максимална внимателност, бидејќи во текот на ноќта од сабота кон недела се очекува дополнително опаѓање на температурите и зголемен ризик од создавање мраз на коловозите.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.

