Европа
Потпишан договорот за слободна царинска зона меѓу Украина и ЕУ

Украина и Европската унија го потпишаа договорот за слободна царинска зона со што земјата се оддалечи уште еден чекор од Москва, оценуваат западните медиуми, а потписници на овој договор се и Молдавија и Грузија, исто така поранешни советски републики.
„Ова е голем ден за Европа. Европската унија денеска е на ваша страна повеќе од кога и да е досега“, изјавил претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
„Договорот за придружување што денеска го потпиша Украина и Европската унија ќе има „сериозни последици“, истакна заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин.
Кремљ повтори дека Русија ќе преземе мерки за одбрана на својата економија „штом се појават првите знаци“ од негативните последици.
„Сé што е неопходно за одбрана на нашата економија ќе биде преземено“, истакна портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, откако во четвртокот иста изајва даде и шефот на руската диплоамтија Сергеј Лавров.
Договорот во петокот официјално беше потпишан во Брисел од страна на шефовите на дипломатиите на 28-те земји членки на ЕУ со украинскиот претседател, Петро Порошенко, и премиерите на Грузија и Молдавија, Ираклиј Гарибашвили и Јуриј Ланк.
„Денеска е голем ден. Можеби еден од најважните за мојата земја од независноста во 1991 година“, истакна Порошенко и додаде дека договорот се однесува на „цела Украина, вклучително и Крим“.
Ромпуј нагласи дека „ништо што е ставено во договорот нема негативно да влијае врз Русија“, а претседателот на Европската комисија. Жозе Маниел Маросо, рече дека договорот „е позитивен и дека не е против никого“.
Потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна тргоија со Украина беше планирано уште во ноември 2013 година, но тогашниот претседател, Виктор Јанукович, одлучи сепак да го суспендира потпишувањето на договорот, поради лошата економска состојба на земјата, стравувајќи од реакција на рускиот пазар и се сврти кон Русија од којашто ја доби бараната економска помош.
Оваа одлука предизвика низа протести кои доведоа до пад на Јанукович од власта, а потоа следеше и присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што Западот го спжмета за руска анексија на украинска територија, и бунтот на рускојазичното население на југоистокот од Украина. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.