Црна хроника
Група тинејџери краделе низ Охрид
Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ж.П.(18) С.Б.(16) Н.М(17) Т.Ј.(18) и Ф.З.(15) сите од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои три „тешка кражба“ и една „кражба“.
Пријавените на 09.06.2013 година околу 23 часот со употреба на шипка ја отвориле вратата од помошните простории од кабарето „Фејмос“ при што одзеле поголемо количество алкохолни пијалоци по што се упатиле кон полигонот за мали спортови на улицата „Ванчо Николески“ каде почнале да ги конзумираат доведувајќи се во алкохолизирана состојба. Четворицата осомничени на 4/5.06.2013 година извршиле кражба во стакларата „Мише инжинеринг“ на начин што со скала се качиле на поткровјето, влегле внатре и бесправно одзеле повеќе кабли, машинка за мешање гипс, бор машина и други поситни предмети.Следната ноќ, овие пријавени лица извршиле кражба и во трафика на булеварот „Туристичка“, каде со подесен алат го отвориле капакот од кровот на трафиката, влегле внатре и одзеле десеттина штеки цигари и помала сума пари. Истата група, на 12/13.06.2013.година извршила кражба од продавницата „Шљус“ во селото Ботун каде со употреба на подесен алат и физичка сила насилно ја отвориле помошната врата од продавницата и одзеле десеттина шишиња коњак, мастика, енергетски пијалоци и повеќе ваучери за мобилен телефон. Поради инволвираност на малолетни лица, за сторените казнени дела навремено се известени службите во центарот за социјални работи а разговорите со малолетниците се извршени во присуство на нивните родители. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

