Црна хроника
Отворена истрага против скопјанец за недозволено поседување оружје и марихуана
Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став, како и кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
На 4 октомври во домот во кој престојувало лицето бил пронајден еден пиштол „застава М88“, една рамка со осум куршуми за тој пиштол, една кутија со 25 куршуми од непозната марка и калибар, 17 куршуми долго зрно од непозната марка и калибар, една празна рамка за пиштол, како и еден ловен карабин марка „Црвена застава“. Дополнително, при претресот било утврдено дека осомничениот во домот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со нето-маса од 24,54 грама, како и исушени искршени гранчиња од марихуана со нето-маса од 24, 32 грама.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

