Свет
Свиркачот на Трамп бара заштита, му била загрозена безбедноста
Американските власти презедоа мерки за безбедност за заштита на припадник на разузнавачката служба – свиркачот, кој минатата недела со неговата изјава предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.
Адвокатите на свиркачот во писмо до директорот на Националната разузнавачка служба изразија загриженост дека безбедноста на нивниот клиент може да биде загрозена, откако Трамп посочи дека тој е шпион кој го извршил предавството.
Според адвокатите, „одредени лица“ понудиле награда од 50.000 американски долари за какви било информации за идентитетот на свиркачот.
Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот минатата недела објави преработена верзија на алармантна жалба против американскиот претседател Доналд Трамп, што доведе до истрага за Конгресот против него.
Истрагата се заснова на извештај на свиркач од разузнавачките служби на САД, во кој се утврдува дека претседателот ги злоупотребил „надлежностите на својата функција за да изврши притисок врз странска земја да се вмеша во изборите во 2020 година“ и оти државниот обвинител Вилијам Бар и Џулијани, најверојатно, биле дел од тие усилби.
Трамп демантира дека направил кривично дело. Тој повеќепати го опиша разговорот со Володомир Зеленски како „идеален“, нарекувајќи ги неговите критичари „предавници“ и изјавувајќи дека истрагата за импичмент е „пуч“ за негово отстранување од функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

